Веќе беше добро наместен и смирен во леглото, кога се сети дека тоа малечко срнче уште ниеднаш досега немаше чуено за огнот.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Бојан се исправи во леглото, вслушувајќи се во тишината што владееше околу колибата.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
Роса во леглото се намести од кај прозорчето, покровот што го префрли преку сите четири моми и себе гледаше од другата страна да ги зафаќа целосно за да не настине некоја од нив, а нејзиниот грб и не мора сосема да биде покриен.
„Исчезнување“
од Ташко Георгиевски
(1998)
Дончо, исто така заради долгата и голема прошетка по синорот на Острово, засвирка низ носот во леглото крај баба си, додека таа, Митра, долго не можеше да ги напади зборовите на Чана од својата глава дека сака уште некое дете да истисне од својата голема снага.
„Црна билка“
од Ташко Георгиевски
(2006)
Решението е во леглото.
Најди го
тој кревет на плодност и тровност
тоа котилиште, ведилиште, множилиште.
Прогресивно, геометриско, хтонично.
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)
„Подобро ми е штом ми се јаде“ - мислеше, па полека ги избутка чергите од себе и се исправи во леглото.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)