Кога таа ќе му го скриеше алкохолот, тој одеше в град и пиеше, а потоа со мака се враќаше дома, сопинајќи се и удирјќи се и во кучето што го водеше и во минувачите.
„Животраг“
од Јован Стрезовски
(1995)
Таа го поткрена мевот и им направи место да ги скрие под себе, држејќи го сè така погледот во кучето, кое исто така не ја испушташе од очи.
„Животраг“
од Јован Стрезовски
(1995)
Сончевите зраци се пробиваа низ високите дрвја правејќи светли завеси од утринските испарувања на влажната земја, ширејќи мирис на печурки и папрат; разнобојните лисја на дрвјата се преливаа на светлината добивајќи прекрасна патина, претсмртна боја; клукајдрвците удираа по дрвјата и огласуваа немир; немир владееше и во кучињата: напињаа на ремениците со кои ги водеа манастирските слуги, душкаа по земјата и бараа да се ослободат, да оптрчуваат; повремено ќе заквичеа но слугите ги смируваа жулкајќи ги по главите, или удирајќи ги по муцките.
„Злодобро“
од Јован Стрезовски
(1990)
Можам да ги урнам зградите во центарот, да ги натерам луѓето да си ги изгрицкаат ноктите, а потоа и самите прсти.
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)
Можам жените да ги натерам да се заљубуваат во кучиња, а мажите во сибирски мачки и тоа сè со помош на Чедо.
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)
Ете зошто денес, единствениот начин на вклучување во европската мисла лежи во ревизијата на марксистичкото искуство, дури и по цена да станете површен плагијатор на европската интелектуална мода или да појдете надвор од секој дискурс - т.е. да се претворите во куче.
„МАРГИНА бр. 34“
(1996)
Лутајќи така мисловно и загледан во кучето, во еден момент господинот Гроздановски имаше впечаток дека тоа се мачи да најде начин на својот стопан да му каже што мисли.
„Човекот во сина облека“
од Мето Јовановски
(2011)
Погледнав во кучето: и неговата грива беше како мојата.
„МАРГИНА бр. 10“
(1997)
Гледаше во кучето и поголтнуваше.
„Прва љубов“
од Јован Стрезовски
(1992)
Кога ќе го фатеше реумата, по скалите од куќата се качуваше и на нозе и на раце, та кога ќе го видеше жена му од Мил, ќе речеше: - Сигурно господ не му ја зема душата сѐ додека не го престори во куче како што му го направил на светецот Кристофор за да го казни за гревовите...
„Јанsа“
од Јован Стрезовски
(1986)