Претепаните ги одвлечка аскерот во авурот.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Во тоа време јузбашијата им ја пренесе на аскерот наредбата за ќотекот и овој ги грабна пушките за цевки и се втури во купчето народ, та почна немилосрдно да мава каде што ќе му се згодеше. Со плач и пискотници се разбегаа жени, деца, луѓе и на сретселото останаа само тепаните.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Продолжи да ги гледа книгите, да ги вади од сталажите и да ги собира во купче тие што мислеше на крајот да ги купи.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
И додека Илона им се препушташе на таквите чувства, речиси продолжително со развлеченото Д-е-н-и-ц-а-п-и-ц-а нежно ѝ ја легна својата десна рака меѓу нозете на Деница која, чувствувајќи го допирот меѓу благо раширените нозе, се поднамести на столот, подавајќи си го телото нанапред, но само по неколку мига ја префрли левата над десната нога, ги притисна една во друга не дозволувајќи им движење на прстите на својата пријателка, и продолжи да ја шмука јаготката макната во купчето шеќер турен во порцеланска тацна.
„Полицајка в кревет“
од Веле Смилевски
(2012)
Илона си го забришуваше телото со фротирката по последното туширање, додека Деница зеде јаготка од кошничката на масата, ја макна во купчето шеќер турен во порцеланска тацна и долго ја шмукаше гледајќи во темнината низ полуотворениот прозорец.
„Полицајка в кревет“
од Веле Смилевски
(2012)
Деница зеде уште една јаготка од кошничката поставена на масата, ја макна во купчето шеќер турен во порцеланска тацна и долго ја шмукаше гледајќи во темнината низ полуотворениот прозорец.
„Полицајка в кревет“
од Веле Смилевски
(2012)
Мачорот му се доближи, му го поттурна вратот и му мјаукаше, а Милан го стисна до себе, наоѓајќи удобност во купчето од свилесто крзно.
„Невестата на доселеникот“
од Стојан Христов
(2010)
Убедена дека е рамнодушна, не ни сети како меѓу сите лица собрани навечер во купчиња под уличните светилки тогаш го забележа него.
„На пат кон Дамаск“
од Елизабета Баковска
(2006)
Само лицемерни не се бакнуваат Потпрени еден на друг, споени во едно, со испреплетени раце и залепени усни, во купчето луѓе, чекачи на автобусот број 5, уживаат во бакнежите.
„И ѓаволот чита пРада“
од Рада Петрушева
(2013)
Лани тука не посадив ниедно цвеќе, вели Дени.
„Човекот со четири часовници“
од Александар Прокопиев
(2003)
Сезона е кога лилјаните со отвораат: малечки портокалови цветови, по три-четири во купче, до нив – белите, навестувачки лилјани, поголеми, со разгорени усни, така што може да се види поленовиот јазол внатре, во чашката.
„Човекот со четири часовници“
од Александар Прокопиев
(2003)
Но, иако ги преполнуваат ѕидовите, иако ги има на секој чекор - во купчиња по мебелот, на масата, или поединечно расфрлени врз фотелјите, по подот, никој собата не ја нарекува „библиотека“, туку „дневната“ или „големата“.
„Или“
од Александар Прокопиев
(1987)
Офицерите подзапираат во купчиња со преполнети чаши во рацете.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Ние полека поминавме и одеднаш во купчето деца што седеа вкочанети во едниот од расипаните камиони, го видов Коста.
„Постела на чемерните“
од Петре Наковски
(1985)
По кривини слегувавме надолу и одеднаш камионот застана.
„Постела на чемерните“
од Петре Наковски
(1985)
Го соблеков шинелот, со штикот го исеков на парчиња, во купче ги ставив под моторот, ги полеав со бензин и ги запалив.
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
Не, ниту еден миг не му се подбивавме.
„Клучарчиња“
од Бистрица Миркуловска
(1992)
И ги броеше по пет во купчиња. И ги редеше различни по боја и големина.
„Клучарчиња“
од Бистрица Миркуловска
(1992)
Дури и би му помогнале, ама мајка му нејќеше да се плеткаме околу бебето.
„Клучарчиња“
од Бистрица Миркуловска
(1992)
На сите им студи, вели, некои собрани во купче се пикаат еден во друг и се тресат, се пореваат.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Разбра или не разбра, ќе ми вели. Ако не разбра, и тебе ќе ти речам: пире, пире, и ти ќе влезеш во купчено, вели.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)