Благосостојбата која постоеше меѓу Трпе и Ратка се ничкоса и премина во кошмар.
„Двоглед“
од Горан Јанкуловски
(2011)
Кога во кошмарот тоа утро видов што ќе се случи и со која личност, сфатив зошто претходниот ден ми беше лошо поради она што го претчувствував.
„Знаеш ли да љубиш“
од Ивана Иванова Канго
(2013)
Ноќта ја помина во кошмар. Се превртуваше како да лежеше на грутки.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Сигурна сум дека тоа што го носи во стомакот е направено со љубов која подоцна се претворила во кошмар.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Но тоа се преобразува во кошмар.
„МАРГИНА бр. 22“
(1995)
Уште еднаш ме измами некоја сила од некој кој ние не му го знаеме местото и големината или некоја сила што и без наша волја се создава во нас и не фрла од кошмар во кошмар .
„Забранета одаја“
од Славко Јаневски
(1988)
Понекогаш очите, сетилата, вистината......ми се затворени во кошмар, а кошмарот е затворен во мене.
„МАРГИНА бр. 19-20“
(1995)
И така живна загноената заемна омраза меѓу едната и другата опција на тие кои се самонарекоа бранители и душегрижници на Егејците, како што сами се нарекоа и ги нарекоа и тие во чие заблудување беа замешани нивните прсти и никој не прифати и не почувствува грижа на совеста, а рамнотежата меѓу двете скарани страни – грижливо ја чуваше Лазо, кој лично водеше сметка неслогата да не се претвори во кошмар.
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
Ко суштество кое се бори со последни сили во кошмар со акварелен спектар на човечкиот ум, кој заминува во вечност...
„Поетски блесок“
од Олга Наумовска
(2013)
Да сонуваш, значи да спознаваш
да уживаш, страдаш, патуваш
да убиваш, бегаш, леташ
да паѓаш во бездна, во кошмар
да правиш сѐ што правиш и будна
и уште, и многу повеќе
автентично, во боја
(…)
оти сонуваш симболично
сонуваш навистина
сама
- како острово
- како безгрешен зачеток.
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)
Од мапи кои се претвораат во
кошмар.
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)