Имаше шест сомуни од добриот леб, малку препечени и добро затворени во корките, како ореи, нив ги смести од едната страна на сандакот, во кој секогаш кога беа тука, ја чуваа храната, а по ова таму ги сместуваше и другите ситници што му ги имаше ставено во торбата Мара.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Можеш да замислиш какви страдалнички години помина со нив а не се осмелила тоа малечко богатство да го претвори во корка леб! Оти била заветена!
„Црна билка“
од Ташко Георгиевски
(2006)