Може да се допушти оти таква војна може да се очекува, зашто во комитетите има членови не само Македонци, ами и Бугари, и последниве никојпат не ќе се согласат со новото течење, зашто со него ќе се закопаат бугарските интереси во Македонија; исто така има и меѓу Македонците членови на комитетите лица што ќе расудуваат вака: Сега на старост ние не можеме да учиме нов јазик: бугарски знаеме и бугарски ќе зборуваме, – ние сме Бугари.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
Не само интелигенцијата на сите народности, не и на мнозинството од нив, ами па и интелигенцијата на најсилната македонска народност – Словените, не сета беше застапена во комитетот: србоманската и гркоманската македонска словенска интелигенција беше настрана од комитетот, па и непријателска.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
Во комитетите во Бугарија фатија да пропагираат полно одделување на интересите на Македонија од интересите на Бугарија.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
Јас, каков што ме дал Господ, бев готов да се спротивставам во Комитетот против начинот на кој работеше Сврделот, ама не можев да се решам зашто јас бев, да си признавам, помамен по сестра му Гала.
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)
„Во рударското гратче јави се. Во Комитетот. Кај Кате, Егејката.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Без сомнение, (ако се точни наводите на момчето) сторено е нешто надвор од правилата.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Нека ти го испрати него, лично, без никакви објаснувања“.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
А тие, таму, во Комитетот решија да ги оградат улиците со бодлива жица. И ги оградија.
„Постела на чемерните“
од Петре Наковски
(1985)
Албанците се пожалија во Комитетот.
„Постела на чемерните“
од Петре Наковски
(1985)
„Ти ќе ги дереш кучињата зашто сите кожи мора да бидат собрани и испратени во Комитетот“.
„Човекот во сина облека“
од Мето Јовановски
(2011)
Фаталисти, вие сте штетни фаталисти, ги прекоруваа по разни поводи догматските кадри во комитетот.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)