Овие си се неговите, си рече.“ 258
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Насекаде имаше паркирани џипови, Дајцови и тенкови и секакви видови воен персонал, повеќето од нив во комбинезони, овде онде понекоја каки-униформа, и одблесоци од раздвижената лимарија.
„МАРГИНА бр. 1“
(1994)
Длабоко згрозен од едноличниот свет на ниската средна класа во кој се родил, Пол особено, и постојано, се потплашува од „мрсната реа“ на готвено (122, 125, 131), која за него го претставува сето она што има врска со непрефинетата тмурност, со долната телесност и со задушните секојдневни обреди на репродуктивната хетеросексуалност – сѐ што има врска со естетскиот пустош на секојдневниот семеен живот – против кој му се бунтува душата.
Пол ќе си најдел сродна душа во ќерка ѝ на Милдред Пирс, Веда, која исто така копнее да избега (како што ѝ нагласува на мајка си) од „твоите пилиња и од твоите пити и од твоите кујни и од сѐ што базди на маст, ... од ќумезов и од петпарачкиов мебел, од градов и од неговите распродажби и од неговите жени во униформи и од неговите мажи во комбинезони“.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
КАДАР (6) назад на (1)
ВЕДА: Ќе можам да побегнам од ќумезов и од петпарачкиов мебел, од градов и од неговите распродажби и од неговите жени во униформи и од неговите мажи во комбинезони. [Се враќа кај масата, го зема чантичето.]
МИЛДРЕД: Веда, стварно како првпат во животов да те гледам вистински и евтина си и ужасна си.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)