Не обрнуваше внимание на честото сушење на устата, сѐ додека еднаш, речиси во кома, итно беше пренесена во болница.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Докторите рекоа дека те ставиле на машина, дека си во кома, речиси никакви шанси да се повратиш.
„Седум години“
од Зорица Ѓеорѓиевска
(2012)
Пред да влеземе слушав како еден син гласно и зборува на неговата мајка која лежеше во кома: „Мамо, освести се, мамо слушаш ли…“
„Седум години“
од Зорица Ѓеорѓиевска
(2012)
Значи, за да станеш видовит, кој го раскажува минатото, ја гледа сегашноста и „може“ да ја предвиди иднината, не мора да завршиш студии за историја (дека така одеше дефиницијата за историја - запознај го минатото, за да ја разбереш сегашноста, за да можеш да ја предвидиш иднината), ами само еднаш да паднеш во кома на пократок рок, па кога светлината на крајот на тунелот ќе ти се појави, да се сториш пишман и - оп, рикверц, ама со нов ум, претприемнички подготвен да го спасиш и општеството и човештвото.
„И ѓаволот чита пРада“
од Рада Петрушева
(2013)
- Не гледаш? – свика татко ми. – Ни влакно од косата не ѝ недостига, а ти тука паѓај во кома, избезумувај се, баш ѝ е нејзе гајле за нас. – Срам да ти е! – ми се вдаде. – Оди легни си, не сакам ништо сега да знам, утре ќе разговараме.
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)
Да сте сите дома утре, никој да не ми мрднал додека не завршиме со „састанакот“ – рече и си влезе во спалната.
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)
„Што е?” „Слегов.” „Спиеше ли?“ „Не.” „Јас бев како во кома”, рече Дејв.
„МАРГИНА бр. 34“
(1996)
Ќерка ти никако не можам да ја разбудам. Како да е падната во кома.
„Јас - момчето молња“
од Јагода Михајловска Георгиева
(1989)
Го барав и во болница, да не го удрила некоја кола па да паднал во кома и да не знае кој е.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
Нѐ фура во кома, и ве носи длабоко дома!
„МАРГИНА бр. 10“
(1997)
13. Кога сонувам јас не сум во кома И сепак дослушнувам нешто од она што се зборува околу мене А зборуваат луѓето сѐ и сешто И понекогаш дури ми е непријатно
„Сонот на коалата“
од Ристо Лазаров
(2009)