За разлика од оние другите, од родот на грабливците, (орлите, соколите, сојките, ветрушките, бувовите, утките, чавките, страчките) па оние од родот на полските (еребиците, дивите кокошки, дропките, тресопатките, потполошките, белоперките, чурлините, чучурлигите, полските врпчиња, дивите гулаби) па оние од родот на шумските, (кукавиците, пупунците, чукајдрвците) па и оние, слаткопојните, (славеите, трнарчињата, сколовранците, гугутките, сипките и другите) кои ги има плипотници.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Исто така, забележете дека целта на деконструкцијата не е да се конституира некоја нова држава на “тиранија” или “неправда”.
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
Навистина кога тој расправа за графоцентризмот, го опишува него како да е создаден во изгнанство, пратен во колонија на лепрозни и протеран.13 Ако ја разбереме деконструкцијата како една приказна, Дерида е добриот херој кој со неговото ново оружје - деконструкцијата, го принудува историскиот шовинистички фоноцентризам да префрли дел од сопствената моќ на традиционално дискриминираниот и понижуван графоцентризам.
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
Додека дивечот, (волците, мечките, лисиците, зајаците, јазовците, ласиците, смрдулките и куните) зашто нема кој да го прогонува и лови, се намножи до загрижување, преку цел ден и преку цела ноќ, страв да те фати, слушаш како тулилка, завива, кашла и си ги секне грлата во гората и во полето, птиците, пак, си мисли на барските, (чапјите, норците, галебите, пеликаните, кормораните, дивите пајки и дивите гуски; штрковите следејќи ги старите навики и стариот инстинкт, сѐ уште ѝ се верни на Потковицата, населбата на Станкоски Рид готово ја претворија во колонија на штркови: на покривот на секоја куќа, на оџакот на секоја напуштена куќа, има направено седело од штрк по мелиорацијата на мртвиците и Блатото, сосема, сосема, се изгубија.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Деконструирањето на хиерархиските дихотомии, каде што еден термин е традиционално претпочитан во однос на другиот,12 може да нѐ потсети на една од погоре споменатите народни приказни.
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)