Ме изненади една дама во еден модерен супермаркет која во количката, натоварена со разни прехрамбени продукти, возеше едно кученце, кое ги душкаше продуктите.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
Во неговата слаткост ги чувствувам поленовите зрнца.
„Човекот со четири часовници“
од Александар Прокопиев
(2003)
Се сонча во градината, седнат во количка.
„Човекот со четири часовници“
од Александар Прокопиев
(2003)
По кажувањето на аптекарот на Општинската болница каде што мртвите и ранетите ги носеле, и мртвите и ранетите ги фрлале еден преку друг во колички за ѓубре.
„Солунските атентати 1903“
од Крсте Битоски
(2003)
- Бато, богаташи беа? - Ух, да знаеш само! И базен имаа во дворот.
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)
- Баш така! И јас одев со нив и можев што сакам да ставам во количката.
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)
Толку ја сакаше таа маса што ја стави во количка - масата инаку беше огромна, приближно два метра со метар - и ја довлече низ Втората Авенија, полни триесет блока.
„МАРГИНА бр. 17-18“
(1995)
На Димитрија му е тешко да се движи во количката.
„Одбрани драми“
од Горан Стефановски
(2008)
(Урнатини од куќата на Андреевиќ. Димитрие седи во количка со свирче во раката. Вера лежи. Марија ги собира работите на едно место. Доаѓа Стево. Ги гледа урнатините. Пауза.)
„Одбрани драми“
од Горан Стефановски
(2008)
Сестрата во болницата во Елбасан ми рече дека мојата нога ја изнела во количка.
„Постела на чемерните“
од Петре Наковски
(1985)
Тој седеше во количка буквално без да даде знак од себе.
„МАРГИНА бр. 21“
(1995)
Неговите очи можеа да се движат само хоризонтално од лево на десно.
„МАРГИНА бр. 21“
(1995)
ОХРИДСКИТЕ МАЈКИ
„Светилничар“
од Ристо Лазаров
(2013)
Околу пладне, штом ќе е готова летната манџа, и штом ќе се курдиса сонцето како што треба, младите охридски мајки (што не значи дека во Охрид нема од стара мајка деца) ги дотеруваат бебулињата, ги сместуваат удобно во количките кои задолжително имаат чадорче или нешто друго за да им држи сенка, па полека тргнуваат кон езерото.
„Светилничар“
од Ристо Лазаров
(2013)
Остануваше крај Мајка во количката, со цуцла во устата, а кога ќе заплачеше, таа, со една рака, ја нишаше количката, а со другата, успеваше да ги продава кино- билетите.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
Мудрецот кај кого што работел, кога видел дека му нема спас, го ставил во количка и го извадил надвор на улица пред чајџилницата.
„Јанsа“
од Јован Стрезовски
(1986)