Им кажува на пријателите, ако купуваат во клуб, да купат и една таблета за него.
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)
Тој не ја земал во клуб, туку со пријатели, и открил дека му помага да се извлече од трајната депресија која што го беше зафатила со години.
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)
Надвор од главниот град, сепак, ситуацијата може да е многу поинаква.
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)
Сандерс тестовите ги прави во лабораторија.
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)
Книгата има корени во Сандерсовото прво (многу позитивно) искуство со дрогата што го имал во раните осумдесетти.
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)
За да добијат дозвола, промотерите обично треба да преземат обврска дека нема да се дозволи никаква дрога да се внесе во клубот.
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)
А сега, повторно во твојот роден град, во Клубот на уметниците исполнет со твоите бои, на твојата секогаш преполна маса (на ококорените сомнителни очи) не покажувај им го сонцето во десниот џеб од панталоните, ниту пак жолтите облаци во шлицот.
„Зошто мене ваков џигер“
од Јовица Ивановски
(1994)
Разголен и на показ за секој сретнат поглед, како тежок виновник, се провлекуваше по улиците, во клубот, во кафеана, во паркот, кај пријател. Сеедно каде. Сеедно кај кого...
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
Бидејќи по природа комуникативен, натпросечно за својата средина, на Миха му беа малку контактите со домашните, со колегите, пациентите и студентите, па бараше соговорници во театарските бифиња, во Клубот на писателите и Клубот на новинарите, одбегнувајќи го сѐ повеќе Клубот на пратениците, но затоа пак не му беше зазорно да наврати во некое маалско кафуле.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
Навраќаше во Клубот на пратениците, во Клубот на писателите, во бифињата на театрите и во кафулињата каде што му закажуваа новинарите.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
Естаблишментот останува доминантен поради зачленувањето на неколку порано маргинализирани групи во клубот, но тој никогаш не спроведувал “отворена политика”.
„МАРГИНА бр. 4-5“
(1994)
И дали по своја волја и убедување или по потреба и барање на власта, централната и локалната, си создадоа здружение на Егејците и читаа весник “Глас на Егејците”, и се собираа во клубот на Егејците, и се грижеа за Егејците сместени во селата околу Скопје, Битола и Куманово, па и за тие во Војводина, ама се дотогаш до кога грчкиот крал Павле не одлучи со воз да оди во Белград и тоа преку Скопје.
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
Од таа вечер во клубот, работите тргнаа надолу и блискоста меѓу нив исчезна.
„На пат кон Дамаск“
од Елизабета Баковска
(2006)
Првиот конфликт го имаа токму во клубот кај што пушташе музика.
„На пат кон Дамаск“
од Елизабета Баковска
(2006)
Ја покани да дојде во клубот кај што пушташе музика – сега веќе не свири самиот, ѝ рече, ама не може да ја остави музиката...
„На пат кон Дамаск“
од Елизабета Баковска
(2006)
Идниот вимболдонец требало да игра со најдобриот тенисер во клубот.
„Браќата на Александар“
од Константин Петровски
(2013)
Точно толку беше влегувањето во клубот, педесет марки.
„Браќата на Александар“
од Константин Петровски
(2013)
Влезе во клубот и тргна накај шанкот.
„Браќата на Александар“
од Константин Петровски
(2013)
Ништо повеќе не ми е важно. Вчера излегов во клубот и трагав по она што до пред една година ми правеше задоволство. Не го најдов.
„Читај ми ги мислите“
од Ивана Иванова Канго
(2012)
Добредојде во клубот на привилегираните, си реков крепејќи си ги годините на плеќи и си ја отстојав на нозе мојата релација.
„Кревалка“
од Ристо Лазаров
(2011)
Сè повеќе има мешовити фирми Диџеите во дискотеките миксаат плочи Во увото се мешаат звуци од кафулињата Во клубот девојки мешаат на шипка Сонот го меша возможното со чудесното Детето ги помешува левата и десната патика Бетонската мешалка му ја прегазува топката (Градежните фирми уриваат домови!)
„Азбука и залутани записи“
од Иван Шопов
(2010)
Ни Коста, наречен Арап, крпената топка не ја гони и не е веќе во клубот крило.
„Најголемиот континент“
од Славко Јаневски
(1969)
Како сакаш“ „Добро дошла во клубот!“ ѝ рече Едо.
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)
Отидов на кафе во кафуле, каде што работев како келнерка само еден ден, зашто веднаш се префрлив во клубот.
„Знаеш ли да љубиш“
од Ивана Иванова Канго
(2013)
Работењето во Клубот, ми одеше малку тешко. Не беше тоа како келнерската работа која ми беше добро позната.
„Знаеш ли да љубиш“
од Ивана Иванова Канго
(2013)
Една вечер ми дојде на шанкот. Таа ноќ во клубот имаше Hip Hop забава со еден познат рапер.
„Знаеш ли да љубиш“
од Ивана Иванова Канго
(2013)
Можеби беше љубоморен што во клубот сум изложена на многу машки погледи.
„Знаеш ли да љубиш“
од Ивана Иванова Канго
(2013)
Тоа беше периодот кога морав да се откажам од работата во клубот, затоа што ме примија на обука во Хотелот, на рецепција во казиното.
„Знаеш ли да љубиш“
од Ивана Иванова Канго
(2013)
Се сеќавам на вечерта кога прв пат го здогледав во клубот на RNB забавата.
„Знаеш ли да љубиш“
од Ивана Иванова Канго
(2013)