Предената се исушија и уште другиот ден Доста ги свитка од мотаници во клопчиња и ги остави во земникот додека да ја приготви основата. Да беше кабил око да не затвори, само што побргу да го кладе разбојот.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Рада во клопче ја преседе ноќта во студентската соба.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Се свитка во клопче, ставајќи си ги рацете сплотени со дланките меѓу колена, навика останата уште од детството, кога со грбот ќе се залепеше до градите и стомакот на мајка си, чувствувајќи топлина и сигурност како да е во нејзината утроба. Набргу потоа заспа.
„Полицајка в кревет“
од Веле Смилевски
(2012)
Славко враќајки го тромбонот на фалусот го здогледа уплашениот гмизавец кој се собра во клопче штракајќи со опашот и правејќи предупредувачка врева.
„МАРГИНА бр. 26-28“
(1996)
Ја најдоа свиткана во клопче, згасната, повената. Невен - Невена.
„Захариј и други раскази“
од Михаил Ренџов
(2004)
А, само два часа поминаа откако се спружив на постелата до моето мило мало, стутулено до мене во клопче, како маче.
„И ѓаволот чита пРада“
од Рада Петрушева
(2013)
Сиот во клопче со стиснати раце меѓу нозе и со коленици до самата брада, Антун Крстин ги слуша погодувањата и гледа околу себе лилави и модри и жолти и суринедовршени лица и се брани неподвижен, со некој внатрешен отпор, од мириси што минале еднаш низ куќата и сега се враќаат да го задушат, да го покријат, да го одделат од маката да истаржува тајни на едно минато.
„Забранета одаја“
од Славко Јаневски
(1988)
Влегуваме еден по еден со молк заробени во сенките од дамнешна есен. Собрани сме во клопче што ги најавува опасностите.
„Забранета книга“
од Веле Смилевски
(2011)
Во истиот миг целата вселена на пајакот се склопчи, во клопче се претвори и го зароби во себе.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
И потем се претворија во клопче од букви, а во средината на клопчето стоеше, вжарена буквата „Ж“.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Под самата решетка на прозорчето, во вирот сонце, го најдоа дедо Костадин свиен во клопче и сторен колку една тупаница!
„Исчезнување“
од Ташко Георгиевски
(1998)
Се чини ко амор да беше со своето копје долета ко орел ме згази тешко по рамениците тешката нога негова со неможна сила ме згрчи душата ми ја собра во клопче над очите ми испушти темен превез таму каде што шумат боровите таму каде што шумолењето на потоците во моето тело буеја застана тој скитник на мостот од бучните црвени води застана таму каде што отчукнува ѕвоното на мојот живот.
„Поетски блесок“
од Олга Наумовска
(2013)
Се чини ко амор да беше со своето копје долета ко орел, ме згази тешко по рамениците тешката нога негова со неможна сила ме згрчи душата ми ја собере во клопче, над очите ми испушти темен превез. Таму каде што шумат боровите, таму каде шумолењето на птиците во моето тело буеја, застана тој скитник на мостот, од бучните црвени води, застана таму каде отчукнува, ѕвоното на мојот живот...
„Поетски блесок“
од Олга Наумовска
(2013)
Но и покрај тоа, тој не ја оставаше на мира: ѝ доаѓаше во сон пресоздаден во бубачка, во онаа иста бубачка што таа ја отепа на ковчегот негов; ја подотвораше полека вратата од одајата како човек, и влегуваше внатре, лазеше по подот, се качуваше на креветот, лазеше по покривката одејќи ѝ кон главата; таа скокаше исплашено, се собираше в клопче на едниот крај од креветот, а кога таа и понатаму ќе продолжеше да оди кон неа, таа ја удираше со нога, со рака, со перницата, ја гмечеше, но бубачката ништо не чувствуваше и пак продолжуваше да лази кон неа; таа скокаше од креветот и бегаше низ одајата, но и бубачката слегуваше од креветот и продолжуваше да оди кон неа; ја удираше со метлата, ја удираше неколку пати, силно, но бубачката само се превртуваше на грб, а потоа пак одвртуваше и продолжуваше упорно да лази кон неа; кога ќе ѝ дојдеше до ногата, таа пак ја удираше силно со стапалото за да ја смачка, но бубачката се престоруваше во дијамантното камче од амајлијата на Илко и неа ја заболуваше стапалото при ударот.
„Јанsа“
од Јован Стрезовски
(1986)