Како минавте по пат? – Заради козите тргнавме пеш. Немаше за нив место во камионите.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Нѐ товарија во камионите и нѐ кренаа од Прењес, ама камионите не тргнаа на кај ридот.
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
Денот го поминавме во една шума. Ноќе нѐ товарија во камиони и во зорите стигнавме тука.
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
Долго траеше влегувањето во камионите. Старци и старички, жени со доенчиња во раце, болни.
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
Нас не товарија во камиони и по целоноќно возење, пред зори не растоварија зад караулата Маркова Нога, близу селото Долно Дупени.
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
Дали ми беше тешко? Најтешко ми беше кога при растоварот во болничкиот двор во камионот наоѓаш неподвижен.
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
Потоа фатија места во камионите и во малобројните автобуси, каде што им беа давани топли напитоци.
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
Потоа нѐ натоварија во камиони, и по неколку минути нѐ истоварија и од нив, пред влезот на градба која тонеше во мрак.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
„Не, ве водиме во парк, за да си поиграме со вас,“ се смееше еден од војниците кои нѐ чуваа во камионот.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Една жена во униформа ни рече дека прво ќе треба да се тушираме пред да нѐ сместат.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Ливајн погледна во камионот.
„МАРГИНА бр. 1“
(1994)
Ливајн и Пикник се качија во камионот.
„МАРГИНА бр. 1“
(1994)
Го кренаа Пикник и го однесоа назад во камионот.
„МАРГИНА бр. 1“
(1994)
Ризо и Бакстер, во камионот пред нив им мавтаа на Ливајн и Пикник.
„МАРГИНА бр. 1“
(1994)
„Треба оган да запалиме, не е греано и влага има фатено...“, па му пуштаа термо печка, а тој се лепеше на неа, изненаден дека брзо загреваат тоа дрвата во камионот.
„И ѓаволот чита пРада“
од Рада Петрушева
(2013)
Бешир кусо коментира: - Забележав многу Палестинци во камионите. Нешто се случува во Картагина! Бевме близу амбасадата.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Додека од Картагина јуревме со Бешир кон амбасадата во Тунис, забележувавме на спротивниот дел од магистралниот пат како се движат камиони со војници и транспортери, полициски коли кои најверојатно се упатуваа кон претседателската палата.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Во камионите клечеа мали жолти луѓе во износени зелени униформи, збиени еден до друг.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Ја извади тапата од шишето, се распули наоколу и брзо го пласна бензинот во камионот.
„Волшебното самарче“
од Ванчо Николески
(1967)
- Побрзајте додека не слегле на друмот и додека не го пикнале во камионот.
„Волшебното самарче“
од Ванчо Николески
(1967)
Слегов од коњчето, го плиснав бензинот во камионот и го запалив.
„Волшебното самарче“
од Ванчо Николески
(1967)
Од џебот извади кибрит, штракна една клечка и ја пикна внатре да гори во камионот. Бензинот пламна...
„Волшебното самарче“
од Ванчо Николески
(1967)
Ќе се качеше во камионот од другата страна и тогаш ќе се одвезеа во големиот град по долгите улици сѐ додека не доаѓаа до местото од каде што отпочнуваа со работа.
„Лек против меланхолија“
од Реј Бредбери
(1994)
Кога чуварите сакаа да го натераат да влезе во камионот, Ринго не сакаше да го стори тоа, додека не му го донесоа слончето, од кое се цедеше вода.
„Раскази за деца“
од Драгица Најческа
(1979)
Се повеќе се убедуваше себеси, дека момчињата ги товариле во камиони и ги вратиле фронтот.
„Постела на чемерните“
од Петре Наковски
(1985)
Во овој свет најдобро се чувствува кога се навалува на каменот и гледа во небото и во планините.
„Постела на чемерните“
од Петре Наковски
(1985)
Нејсе, на одење, на нашки ми рече: - Земи си ги парталите и качувај се во камионот.
„Постела на чемерните“
од Петре Наковски
(1985)
Го засака и Кире зашто и тој знае да отвори и срце и душа и да привлече.
„Постела на чемерните“
од Петре Наковски
(1985)
Стегаше грлото, гореше жедта, повремено во камионот низ цепнатинката од пландеката блеснуваше светлина.
„Постела на чемерните“
од Петре Наковски
(1985)
Едниот од нив погледна во камионот.
„Постела на чемерните“
од Петре Наковски
(1985)
Еден ден, вечерта, денот беше страшно врнежлив, некако на брзина не собраа, не товарија во камиони и - на пат.
„Постела на чемерните“
од Петре Наковски
(1985)
- А зошто, бре, неранимајко, - трас - се слушна шлаканица и пцост - те прашувам тебе, никаквецу, си ги замрзнал децава, а?
„Постела на чемерните“
од Петре Наковски
(1985)
Убиените ги товараат во камионите и ги носат во Лерин.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)