во (предл.) - камен (имн.)

Од Зефир, создаден од Елохим, „духот над духовите обликувал 22 букви и ги врежал во каменот“; тие 22 букви се подлога за: трите мајчински букви, седумте двојни и дванаесетте едноставни букви. Од нив се гради целиот свет.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
- Занеми! - му свика Коле. Ние молчевме загледани во камењата пред нас, страшно стиснати.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Толе нарача Стеван да ги носи парите на Маргара, но тој не излезе горе, ами седна уште тука, близу во камењето, во долот, и кога виде дека Стеван не води потера, му излезе и го симна од коњот.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Уште со видело фатија метериз во камењето над патот и ги видоа сите пазарџии како ги бркаат добиците, што побргу да го поминат ова страшно место, ако не сакаат да останат без ќесиња и без добици, а може некој и без глава.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Камен ми влезе во зборот, зборот ми се изгуби во каменот.
„Ситночекорка“ од Ристо Лазаров (2012)
Шуќур што некој го барал Вилкабамба, па набасал на Мачу Пикчу, до највисоката тајна на Инките - да му се скамени среќата, да му се скамени компасот, да му се скамени и кондорот, и сликата на планината, да му се скаменат ќе да е и пехарите за вино, да му се скамени и перницата да не може главата да ја пика во неа па да му се потат соништата, баш најубавите, да му се скамени и времето како врховен доказ дека светот престорен во камен ниту старее ниту грдее.
„Ситночекорка“ од Ристо Лазаров (2012)
Плугот заорал во камења, тули, пепел, пронашле и некои грнци, некакви бакарни гривни, други украсни предмети, пронашле и згура, што докажуваше дека некогаш, зад преградата од минатите векови, на ова место постоела населба во која се топеле и обработувале метали.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Чудно беше како растат во камењата, од што и од каде црпат животни сокови.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
И морето и бродот стокмен од нејзините ноќни шепотења и сребрените скали на вечноста по кои слегува до нас О Таа мртва, Таа заскитана вон дните Таа жуборлива во нас и студена во каменот овде е нејзината земја и мермерот во кој молчи.
„Посегање по чудесното“ од Србо Ивановски (2008)
Те затворив во каменот како во кутија за скапоцености, на дното на каменот тоа осамено место како СОБАТА на Ван Гог.
„Посегање по чудесното“ од Србо Ивановски (2008)
Ружо црн бакнеж на ветрот што првата тага ја чува во каменот на пладнето (а мовта е сета од белези на минувањето) Ружо, око на огнот слепа е ноќта до твоите колена а коренот во слутење на пепелта има крв што румено умира.
„Посегање по чудесното“ од Србо Ивановски (2008)
Ветровите што со тебе ноќевале излетаа ко црвени пеперуги Патува сега таа румена шума таа добра сенка на твојата смиреност таа ведра чадовина О ружо на пладнето дали тоа во нас се населува нова вртоглавица Во белиот камен покрај патот израснува еден румен знак Твојот цут во каменот се враќа Дали е тоа предзнак и за нас што дојдовме многу од далеку во тихиот предел на спомените.
„Посегање по чудесното“ од Србо Ивановски (2008)
Дете на градите на мајката Загледано во ѕидот на куќата, Девојки скриени во житата со небесни цветови во косите, Црвена светлина што се слуша отаде петровденските камбани, Светулка скаменета на отворена книга во дворот, Коњ што фрчи низ ветерот над реката, Стар часовник што бие меѓу прозорецот и ноќта, Име врежано во каменот на соседот, Бела пеперутка што се буди во тревата, Жнеачка што му шепоти на плодот во неа, Девојка што се крие во душата на темјанушката, Старец што оре со погледот по мапата на татковината, Буква скриена меѓу црешите За да не може да се соопшти зборот што е неопходен, Победници што се плашат од пепелта на поразените, Денот на нејзиното раѓање – меѓу два глужда на црешата, Непрепознатлив глас што шета низ темнината, Младичи што којзнае Од која страна на времето заминаа, Пролетен ветер што тропа врз твојата песна И ти Што сакаш да ме прашаш Уште ли живееш спроти нас, Во пустиот дом на старичката?
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)
Ја подигна зградата на Историскиот музеј, за која може да се рече: глупост, стврдната во камен.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
-Ве молам да укажете достојна почит: Шервуд Василиј Осипович, академик на архитектурата.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
„Мора да се следи отисокот на зборовите, трагата нивна во каменот, оти друг начин нема, оти и ловецот по својот елен оди по трагите од нозете, по следите негови“, велеше Филозофот на нашето чудење од каде му истекна таква ука да чини умножение на таков начин, таму каде рака човечка и калем не достигаат.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Тој три дена се молеше Богу во една пештера под самиот папок на светот, и кога четвртиот ден се качи на скалите, тие стоеја како да се закопани во каменот, во карпата Бехистунска!
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Со првиот чекор ја запалувам батериската ламба и внимателно, стапнувам на првата степеница изделкана во каменот.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Без свеќа и без крст и име врежано во камен, а имињата најмногу им се живи во споменот и болката на роднините и запишани се во тефтерите кои на архивските полици ката ден ги гризе прашина.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Никој не знае кој каменорезец ја изрежал во каменот, само се знае дека тој што ја изрежал знаел за големата љубов нивна, како и за глобоката и тешка осамија нивна. ***
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Велат оти често ја гледале како оди над ќелијата издлабена во каменот, во која некогаш обитувале пустиножители- анахорети.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Бевме во добата на невиноста, во која кога ни се упатени срамежлив поглед и затскриено искажан копнеж, тие предизвикуваат ерупции во нашата душа, под тенката и нежна телесна обвивка, доба кога душата и телото се сѐ уште поврзани во едно; добата на невиноста, кога возбудата не знае дека еден ден ќе се претвори во рамнодушност или во нагон за задоволување само на телесните потреби, а тогаш, дури и кога ќе успее во себе да вткае страст, нема да има ни способност ниту пак желба да го претвори мигот на уживањето во малечка вечност.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Бевме во добата на невиноста, кога душата уште е мека глина и не знае дека еден ден ќе се претвори во камен или во посна земја; бевме во онаа доба кога душата е глина која лесно може да се стопи со сродна душа, и од двете да стане едно.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Ќелиите се скроени за виновници Без вина јас се изборив и со катанец ќе се оковам Да не го видите сиромавиот валкан образ Се изморив од изгубени битки Но го видов крајот на војната како приведение Лебди во зеницата која затупува ко замаглени очила Во диви сенки од без трага Виорот избриша сѐ Ако патот те одведе во непознатото, таму ќе се сретнеме Ти со срце поцврсто од камен, а јас сенка в копана во камен.
„Поетски блесок“ од Олга Наумовска (2013)
- Карпа! - простенкува тој. Ја остава батериската ламба до себеси, го грабнува чеканот и зафаќа лудо да удира во каменот.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
„Ја купив кога го бодев со кол Турчинот што нè стрелаше кога го закопувавме Дмитар-Пејко, кога ти ја пикаше главата во камења. А ако некој од нас ја зел...“
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
На неколку чекори од неистинатиот Јане Крстин друг, Пеце Дановски, удрил со крваво чело во камен и останал неподвижен; бил до тој миг незабележлив, малостав, помирен со сѐ што се случувало и што ќе се случува низ векови; сега сите што биле близу до него виделе дека само со тапите прсти минува по земјата - умира и сепак бара потпир да се исправи, да го побара убиецот.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
„Впрочем, раскажи ни на каков пазар ја купи таа огњарка.“
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Им одговорил истрел - пак кон нив, неодредено, во месото на сите.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Недалеку удираа во камен коњски копита. Пак се слушна извик, сега поблизу.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Најпрвин залаја пес, потоа глутница пци. Некој нешто луто викаше.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Одеднаш срцето му се претвори во камен.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Ау, петелот на баба Петра лежи долу во камењата!
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Синилото на алем-каменот се прелеваше во различни нијанси така што, на моменти, се чинеше дека нешто оживува во каменот.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Можеби затоа што книгите се природно населени низ целата куќа и нивното присуство, во стариот кујнски шкаф, на пример, каде што во расеаноста на предвоениот мебел се потпираат еден со друг двата „народни готвачи“, петте тома од илустрираната сликовница за исчезнати цивилизации „Симфонии во каменот“, е сосема обично.
„Или“ од Александар Прокопиев (1987)
Тупотат со копитата Удираат во земјата, во каменот Ја враќаат довербата во пламенот Со кој внимателно треба да се ракува Пред да се потпали летото Пред да легнеме на ледина Да се одмориме.
„Забранета книга“ од Веле Смилевски (2011)
Како спомен на ловот издлабил во каменот писмо.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
Во каменот имаше издлабена браздичка.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
Беше натаму зошто тој што не ќе го прескочи Светото дрво Ќе остане на спротивната страна од сонцето Како писмо издлабено во камен и така заборавено.
„Камена“ од Анте Поповски (1972)
Чувствувам дека ако повторно се вратам по патот градот ќе биде исчезнат, луѓето сѐ уште неродени, нештата изменети, дворците неизделкани во каменот, стеблата непресечени од шумите; не прашувај од каде го знам тоа, пустелијата знае, и ми го вели.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
За шумата што се престорила во камен.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Чешмите се како овдека вака, а пештерата онаму горе, во камењана.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Цепнатинка во каменот и во неа - цвеќенце. Треперат листенцата во топлите повеви на ветерот.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Црпнав со лажичето и во тој момент помислив дека можеби е тоа од оние јадења што само вештерките умеат да ги подготват и со нив ги претвораат децата во камења, ама веднаш се сетив дека вештерки во вистинскиот живот не постојат и ми падна жал за старичката на која рацете ѝ се тресеа од старост.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Сите со столетија кои влегувале и излегувале од пештерите на Адам; од мигот кои правеле вечност и од вечноста миг; од древности кои собирале ѕвезди во пустината и сушеле месечини по планините; сите кои се пресоздавале во камења што летаат на своите страдања - се раѓале со молитвеник в рака.
„Ненасловена“ од Анте Поповски (1988)
А птицата навистина се претвори во камен, но не се устреми кон излогот на слаткарницата, туку почна да паѓа право кон Димче.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)