На тоа, да не настојува да ги преведе во ислам, го тераа и неговите материјални интереси: сепак, повеќе им веруваше на Акиноските, на нивната традиционална благородничка обреченост на чесност и достоионство, отколку на разните свои турски високодостојници и собирачи на приходи - сите скородојденци, па според тоа и грабачи и утајувачи.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Таквата помисла, за преминување во ислам, ни на крајот на умот не им паѓаше ниту на султанот, ниту пак, ним, на Акиноските.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Сепак, за да им даде на знаење на Акиноските да не полагаат премногу надеж во неговата наклонетост, а веруваше дека на тој начин пред своите високодостојници ќе ја нагласи и својата лукавост, Мустафа Челеби, преку разните свои собирачи на приходи, им порача да си знаат дека не ги потурчува не зашто не сака да го стори тоа, туку дека си има своја скришна сметка: ако ги преведе во ислам, ќе мора да им додели турски благороднички титули, а со нив да им ја остави на целосно уживање и Потковицата, или да им додели нов имот, а тоа, за него, ќе значи загуба на сигурни приходи, толку потребни лично нему, на Портата, и на војската, за честите воени походи во Европа.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Одземањето на децата и преобраќањето во ислам, воспитани во Турција и одредени да станат верни војници на султаните, стануваат правило.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Ова е смела теза, мој пријателе, зар ќе се спротивставиме на сите балкански историографии.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Како што нагласив, преобраќањето на христијанското население во исламот, особено во доменот на регрутирањето на новите јаничари, ќе биде основа на најголемата дијаболизација, виктимизација, и на Османската Империја, во балканските историографии, но често и под влијание на европските?
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Со сигурност се знаело дека бил преобратен христијанин во ислам.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Мистеријата продолжила: зошто го променил Бог?
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Макар преобратени во ислам, според којшто шаријата забрануваше ропство на деца преобратени во ислам, јаничарите беа нарекувани робови на Портата?
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
По делбата на Источното и Западното Царство, нашите христијани се поделија на католици и православни, а по инвазијата на Отоманската Империја голем дел се преобрати во исламот, дел ја задржа старата православна или католичка линија, а не малку пребегнаа кон Италија и други земји во западна и источна Европа со старата религија...
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
Тој е од онаа група луѓе што ги има во нашите краишта и во оние преку границата, а кои ја задржале православната вера, но јазикот го изгубиле, за разлика од онаа друга група, чии припадници пак преминале во ислам, а го задржале својот јазик.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
Преминувањето во ислам им гарантирало дека ќе ја одбегнат можноста еден ден да биде доведена во прашање нивната сопственост над недвижниот имот, како и вршењето на стопанска дејност во градот.
„Џебна историја на македонскиот народ“
од Група автори
(2009)
Меѓу првите во ислам преминувале припадниците на старата феудална класа во освоените балкански земји.
„Џебна историја на македонскиот народ“
од Група автори
(2009)
Во такви услови на живот преминувањето во ислам за голем број лица претставувало единствен сигурен начин да се одбегне дискриминацијата и да се добие статус на полноправен член на општеството.
„Џебна историја на македонскиот народ“
од Група автори
(2009)
Сместувајќи се во Grand Hotel Villa de France, кадешто Матис бил инспириран да ги наслика своите одалиски, во градот кој порано го беше инспирирал Римски-Корсаков да ја напише својата Шехерезада, ги истражувавме пеш забрзаната, миризлива Медина, Гранд и Петит Сако и касабата; повеќе сакавме да се загубиме без професионална помош, одбивајќи ги непријатно лепливите наводни водичи и занемарувајќи ја изненадувачки антисемитската тирада на едниот од нив; серенадите ни ги пееја градските певци секое утро и муезините пет пати секој ден молејќи се преку разгласот од минарето на блиската џамија; одлучивме својот прв невин излет во исламот да го продолжиме низ брегот.
„МАРГИНА бр. 34“
(1996)
По големата преселба, и втората историска верска фрактура на Албанците (при првата верска фрактура беа разделени на католици и православни, христијанизирани уште во I век од новата ера), настапи втората фрактура (конверзијата во ислам на голем дел од албанското население по историскиот отпор на Скендербег во XV век).
„Потрага по Елен Лејбовиц“
од Луан Старова
(2008)