Во периодот на просветителството, кај Кант или кај Маркс, но исто така и во значењето на вреднувањето (на естетското или литературното) критиката претпоставува суд, доброволна одлука или избор меѓу два поими, а на поимите krinein, krisis таа им придодава одреден негативитет.
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
Овој отклон на татковата мисла од целта на Игоровото кажување, всушност, го засилуваше љубопитството што подлабоко да проникнат во искуството на нивниот руски пријател од сталинизмот, како еден вид излез и спас за луѓето и пределите кои ги освојуваше.
„Патот на јагулите“
од Луан Старова
(2000)
Смешноста што се сврзува со недостоинствената женствена болка во општеството на машката повластеност особено ќе одекнеше во искуството на геј-мажите во текот на првите петнаесет години од кризата со сидата, од 1981 до 1996 година, пред воведувањето на антиретровирусната терапија, кога сидата неминовно беше смртоносна состојба и кога стрејт-општеството редовно ја отфрлаше стварноста на страдањето на геј-мажите, ускратувајќи им го сочувството што намуртено им го даваше на „невините жртви“ на епидемијата.192 Во тој контекст, смеата со која машката геј-култура ја дочека сопствената ужасна и трагична состојба изразуваше, како што правела многупати, истовремена идентификација со вредностите и гледиштата и на повластеното и на абјектното.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Во секогаш мошне одредени контексти, тоа е еден од можните називи всушност со метонимија да се означи она што се случува или што не успева да се случи, имено некој вид преместување кое непрекинато се повторува - и на дело секаде нешто е, повеќе отколку ништо (не) е; во она што класично се нарекува текстови од класична филозофија, се разбира и пооделно, но исто така и во секој “текст” во една општа смисла што се обидувам да ја одредам со тој збор, имено, во искуството, во општествената, стопанска, технолошка, војна “стварност” итн.
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
Ми беше јасно дека Луција не ме избрала мене за оној кој прв ќе има можност да го види раѓањето токму на тоа движење; јас знаев дека тоа движење на Луција не е и мое, и сакав ние да имаме само наше движење, и не сакав да учествувам во тоа, како што е природно љубовникот на една жена да не сака да ги носи пиџамите на нејзиниот претходен љубовник; ме излудуваше мислата дека таа дури сега ме допушта во себе, откако стекнала извесна предност во искуството со мене, откако го научила тоа движење и сега ете, ми го покажува, како што се покажува нов автомобил на некој кој нема никаков.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Тие ја разоткриваат неточноста на големата „фикција“ на националната држава како етнички, расно, јазично и културно хомогена.
„Простори на моќта“
од Зоран Попоски
(2009)
Покрај тоа, погранични зони се под влијание на - а понекогаш и ги споделуваат - вредностите, идеите, обичаите и традициите на своите еквиваленти од другата страна на границата: „Границите ги делат луѓето кои живеат на двете страни, кои можеби имале долга историја на културни и социјални контакти, но во исто време тие нив ги обединуваат во искуството на блискост до границата и (делумна) зависност од неа“.70 70 Michiel Baud and Willem van Schendel, “Toward a Comparative History of Borderlands,” Journal of World History 8.2 (1997): 242. 56 6. 1 Привремени народи, раселени заедници Во пост-индустрискиот и сè поглобализираниот свет, веќе не можеме да се потпреме на единството, хомогеноста и заштитата „на дискретно ограничени нации, заедници, држави, идентитети и територии“.
„Простори на моќта“
од Зоран Попоски
(2009)
Таа е она што во искуството на она што се појавува, исчезнува, се оцртува, се означува (tracer), таа, значи, не е повеќе само едноставно сетилна, интелигибилна, феноменална или ноуменална.
„МАРГИНА бр. 1“
(1994)