во (предл.) - интерес (имн.)

По завршетокот на мисијата, дејноста на браќата лично и на нивниот кружок се сели во Македонија, во околината на Охрид и во Бугарија, во околината на Преслав.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Моравската мисија е силно документирана во научната литература, од голем број аспекти, затоа во интерес на просторот нема да навлегуваме во нејзините детали.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Тој се спријателува со таткото на нараторот , интелектуалец со кој во тешките времиња го споделува козјото братство во интерес на козарите и козите.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Но ако оваа борба се води и против вистински уметници, тогаш тоа не е во интерес на културниот живот, веќе и поради тоа што уметниците, каде и да се, се доволно ретки за една земја да може да си дозволи, без културни загуби, да се одрекне од нивното дејствување.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
Затоа оваа поезија е неуморна: сето време, без престан, го надгледува претурањето од мислата во јазикот на своите говорители и чека „инцидент“ сѐ дури самата не стане тоа што го чека: инцидент меѓу мислата и јазикот чијашто разврска мора да биде во интерес на мислата, што значи јазикот треба да се шири и да се растегнува, постојано да се долева и полни не со водата на Едното, туку со водата што се исушила не сакајќи да се прелее во Другото.
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)
Но настаните во Македонија и постојаните посети од Маклин и укажувањето за територијалните аспирации на македонското политичко и воено раководство, а кои не биле во интерес на британските долгорочни воени цели во однос на Балканот, го принудиле Тито да преземе енергични мерки во однос на настаните во Македонија.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
Беше јасно, како ден, дека Мирон Донски сакаше да го намали, но не и докрај да го скрши Татковиот елан зашто тоа, сепак, не ќе беше во интерес на Архивот.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Тој не сака да биде ставен во служба на ничиј интерес освен во интерес на самата природа во која опстојува.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Сегашните етнички тензии во Советскиот Сојуз и Источна Европа покажуваат дека постоечките субкултури не можат успешно да се трансформираат во некој вид на фосилизиран фолклор во интерес на “националното” единство - без оглед на тоа дали таквата замисла за единство е наметната од Левицата или од Десницата.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Дали во интересот за неприкажливото гледате модерно поставување на прашање што настанува врз темелот на новата констелација од проблеми, или барањето на неприкажливото отсекогаш било присутно во историјата на филозофијата?  Можеби сте забележале дека систематски никогаш или само случајно ги употребувам периодизациите како класично, модерно или постмодерно.
„МАРГИНА бр. 1“ (1994)
За тоа дознал Гоце Делчев и пресудил во интерес на Турчинот. Направиле голема свадба.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Та нели се договоривме оваа вечер во интерес на вечната љубов да ги вадиме и скриените адути од ракавите.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
А моиве по дома ми раскажуваат за некои други разнишани до распаѓање, во кои еден грчевито се бори да ја залепи врската како да е вазна на која сè ќе се чита, ама, во интерес на децата, ете, треба да се остане заедно, за фамилијарно да се оди кај баба и дедо на слава.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Па таа изгледа не знае дека детето нејзино со години ја клима врската на соседите од третиот кат и дека сите во зградата знаат како двете жени од тој едниот кој, да се прашувам јас и не е некоја прилика, се разминуваат на скалите, најверојатно во интерес на тоа да не се излади постелата .
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Па, во интерес на еден помалку на токсикологија, а и поради фактот дека ни ти не можеш баш да се пофалиш со интелигенција, па лесно еволуираш од глупава во поглупава... и најглупава, го удостојуваш со еден час, ама само кафе и толку.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Мислам со тоа дека нема да има контрола на раѓањето, а во интерес на нашата кауза.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Дури и пишуваните упатства што ги добиваше Винстон и од кои тој без исклучок се ослободуваше штом ќе завршеше со нив, никогаш не кажуваа, ниту навестуваа дека треба да биде извршен чин на фалсификување: референците секогаш се однесуваа на пропусти, грешки, печатни грешки или погрешни цитирања, што беше неопходно да се исправат во интерес на точноста.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Овој факт Ласте и сега со гордост го истакнуваше бидејќи беше длабоко убеден дека работата во интерес на здравјето на народните маси, подразбира широк фронт кој бара храбри и учени луѓе.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Исто така, во Законот од 2002 година, за разлика од Законот од 1996 година, во одредбата која пропишува дека членовите на Одборот на директорите се должни да ги вршат своите функции не само во интерес на акционерското друштво и на акционерите, туку и во интерес на вработените, интересот на вработените повеќе не фигурира (чл. 314, ЗТД/96 и чл. 265, ЗТД/02).
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
На симболично ниво, одредбата дека членовите на Одборот на директорите се должни да ги вршат своите функции и во интерес на вработените е отстранета.
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Мајка почувствува дека сега беше дојдено времето да ја дополни семејната историја со разјаснувањето на Татковите бегства или отсуства, секогаш, како што велеше Татко, во интерес на стратегијата за спасот на семејството.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Нерамноправна борба со правта. Сѐ во интерес на хигиената.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Триумфираше со авторитет... Немаше веќе што да се расправа!
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Доволно беше тој да интервенира...
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Беше принуден да се преправа во интерес на „канкан“-от...
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Освен во исклучоци.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Практично да се доведат во прашање, покренувајќи или учествувајќи во преобразбата на некоја општествена состојба или состојба на свест чијашто натурализација и деисторизација е во интерес на поединецот, да се постави прашањето за историчноста на структурите исто така е настан или ветување за некој филозофски настан.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Ако си вистински писател, сам ќе го пронајдеш клучот на тајната што води кон дворецот на подводието, како што самиот го нарече, и – загатката е решена во интерес на заемното задоволство.“
„Авантурите на Дедо Мраз“ од Ристо Давчевски (1997)
Во салата на библиотеката ме очекуваа моите читатели.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Во првите години на независноста во францускиот парламент водеше незаборавни дебати во интерес на Македонија, во времето кога на земјата $ беше најтешко.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
На крајот, во својот заклучок, Доливети ќе истакне далековидно дека учесниците на тркалезната маса се убедени дека е потребно и "во интерес на балканските земји да остварат полна соработка во рамките на европската демократска заедница и во склоп на светската заедница; и дека таму ќе има целосна соработка со големите сили на Обединетите нации, врз основа на еднаквост".
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
По одлуките на Второто заседание на АВНОЈ (29 ноември 1943) и на Техеранската конференција (28 ноември - 1 декември 1943), настанале крупни промени во однесувањето на сојузниците спрема настаните во Југославија.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Инаку, велат дека не е во интерес на владетелот во својата држава да трпи повеќе вери: ако во неа се соберат сите секти на светот, тоа не би предизвикало никаква штета, бидејќи не постои ниедна секта којашто не заповеда послушност и не повикува на подредување. Монтескје (Montisquieu), Персиски писма, 1721 okno.mk | Margina #32-33 [1996] 90
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
ВЕРАТА И ФИЗИКАТА
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Нашите граѓански права се независни од нашите верски мислења така како што се независни од нашите мислења за физиката и геометријата. Томас Џеферсон (Thomas Jefferson), The Virginia statue of religious freedom, 1786
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Политиката уште повеќе: во интерес на профитот Соединетите Американски Држави одбиваат да го потпишат договорот од Ќото.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Грција била заинтересирана турските власти да го задушат револуционерното движење, за тоа со своите акции да не предизвика сериозни проблеми и промена на статус-квото во интерес на Македонија.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Тоа не било во интерес на грчката политика. 174 Од Дневникот на сестрата Писи.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)