Се качив на покривот на кабината, пак ги составив дланките во инка и на сет глас извикав: - Ма-мо-о-о-о!! Ма-мо-ооо!!
„Постела на чемерните“
од Петре Наковски
(1985)
Последното што го видоа беше `рбетот на бикот и најпосле роговите како исчезнуваат во водите, во вирот, во инката.
„Захариј и други раскази“
од Михаил Ренџов
(2004)
Пандо слушна како голтежот му забулготе во грлото.
„Постела на чемерните“
од Петре Наковски
(1985)
Ги свиткуваш дланките во инка и ја насочуваш до нејзиното совршено увце.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)