во (предл.) - израз (имн.)

Притоа пред сé го анализира устројството на знакот („signe”) - термин содржан и во изразот „design”.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Тој најмногу своето внимание ѝ го посвети на неопределената заменка фалан, филан, филанка.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
XIII Имаше нешто возвишено и трагично во изразот на Климент Камилски кога конечно Балкан-експресот бавно влегуваше во перонот на скопската железничка станица.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
И тие, како и броевите, се среќаваат главно во изрази.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Одеднаш се вкочанува, очите му се подзатвараат и полека, полека со лице растегнато во израз на опасност се врти кон не. при. сликар.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Ги вади парите надвор, ги фрла врз себе -”се прска со нив како слон” -, скока врз купот, гуга како бебе, па плаче (од радост) па пее песнички и мавта со малото дебело опавче (фиктивно).
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Беше висок, слаб со испиено лице од кое му зрачеше енергичност, без трошка благост во изразот.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Најпосле Мајка појде кон границата. Татко ја допрати до прагот на куќата, со задржана тага во изразот.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Она што ми се чини интересно кај овие приказни не е толку нивната необичност и чистотија во изразот, колку нивниот класен карактер.
„МАРГИНА бр. 1“ (1994)
Во меѓувреме Даниел се прашуваше дали брат му, во изразот на неговото лице, го забележува отсјајот на она што жареше во него.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Но нејзините очи сѐ уште бараа да најдат некој мал знак на расположение во изразот на неговото лице, кој беше јасен, а сепак ништо не изразуваше.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Обично, тој не зборуваше, молчаливо, тромо и тмурно си ја вртеше својата работа и во изразот на неговото лице секогаш лебдеше некаква мрзоволна стутканост.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Каква исплашеност во изразот на нејзините очи. Безнадежност. Очај.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Забележа очај и безнадежност во изразот на оваа млада жена. Некој тешко воздржуван плач, што ја загрижи.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Меѓутоа, треба да се разграничи меѓу оној вид геј-култура што се состои од нови дела од (во случајов) геј-мажи што за првпат во историјата непосредно, отворено и експлицитно се осврнуваат на машкото геј-искуство како што се живее, односно како што може да се живее (или можеби се одживеало), од една страна, и оној вид геј-култура што паразитира врз главнотековната култура.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Списокот на оригинални дела од геј-мажи што за поаѓалиште ги земаат стрејт-општеството или главнотековната култура може да се проширува речиси бескрајно.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Геј-писателите, уметниците, изведувачите и музичарите веќе подолго од еден век создаваат оригинална култура, иако многумина од нив морале да дејствуваат под покровот на хетеросексуалните теми, а само неколкумина, како Волт Витман, Андре Жид, Томас Ман, Марсел Пруст, Редклиф Хал, Жан Жене и Џејмс Болдвин, можеле експлицитно да се зафаќаат со геј-теми.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Џејми О’Нил ја презапоседнува ирската републиканска историја за геј-ослободувањето и за машката геј-љубов во својот роман Кај Пливале, двајца момци (At Swim, Two Boys, 2001), чиј наслов упатува на еден претходен, класичен, негеј-роман од Флан Обраен.*435 И најуспешното дело на Мајкл Канингам, Часовите (1998), изгледа најгеј не кога се труди да ги прикаже машките геј-ликови, туку кога авторот се обидува да пишува како – или, впрочем, да биде – Вирџинија Вулф – некако како Руфус кога ја канализира Џуди.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Второво во негеј- светот наоѓа претстави што може да се претворат во изрази на машкиот геј- субјективитет или чувство – со малку дотерување, ако мора – и кои им овозможуваат на геј- мажите имагинативно место за влез во некаква настрана утопија, некаде отаде виножитото, која не е сосема нивна творба.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Кога во изразот на лицето и држењето на таткото виде колку му е непријатно, рабинот побрза да додаде дека тој не верува во тие озборувања, но дека сепак, самото кружење на зборот по чаршијата може да му штети на угледот на чесното семејство на Шабтај бен Јехуда4.  Така стариот метлар самиот ја дозна вонбрачната приказна на син му.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Таа продолжуваше да изнаоѓа суптилни и ненаметливи, секогаш нови облици на поддршка и храбрење да продолжам да пишувам.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Верувајте, Господине, во изразот на моите најсрдечни чувства.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Беше висок, со елегантна става, благ, спокоен во изразот, од кој зрачеше доверлива и интелигентна добрина.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Кој да влезе тогаш во нашите души, во душите на овие мали, блажени суштества со толку ведрина во изразот, со толкаво сочувство со нашата беда во ова бурно, неизвесно балканско проколнато време.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Игор Лозински благо го погледна Татка, покажувајќи во изразот дека има разбирање во неговата размисла, макар што таа водеше кон друг тек, па продолжи погледнувајќи и кон својот соработник Цветан Горски: - Но, мене пријатели мои, друга мака ме мачи, кога се во прашање јагулите и нивниот пат.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)