Тој беше доволен и од тој редок оброк, Велика да биде негова макар и на една — две недели, и да си живее во изобилие, отколку да мизерува и без никаква женичка.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
„Нека си седи Митра овде со Неда и Јована, на есен пак ќе си дојда“ — заклучи тој и продолжи да си живее во изобилие, бидејќи паричките што ги донесе беа достаточни за да не осети некаков недостиг.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Го имаше во изобилие, имаше можност да се сети на секој миг поминат со Рада.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Велам: непознат глас шета низ мракот, низ зацрвенетите јаболки, по избеганите коњи, во изобилието на летото...
„Љубопис“
од Анте Поповски
(1980)
Притоа да оставиме трага на овоземните суштества, така и тие полесно да научат да се воздигнат и да не подлегнат на искушенијата кои се во изобилие.
„Читај ми ги мислите“
од Ивана Иванова Канго
(2012)
Ве уверувам со тоа ќе се губи време – со секој миг ќе го имаме се помалку, како нешто драгоцено и само наше, иако ние децата го имаме во изобилие.
„Пупи Паф во Шумшул град“
од Славко Јаневски
(1996)
Дали имаше голем бол? А, во изобилие, и тоа како!
„МАРГИНА бр. 19-20“
(1995)
За негрижата укажува и апелот на еколошкото друштво што ви го праќаме: - Нашата практитка во изобилие ни нуди многу примери кои на разни начини ја потврдуваат човековата негрижа за заштита на животната средина што нè опкружува.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“
од Бистрица Миркуловска
(2001)
Беше чуден човек, непоправливо крут и невнимателен спрема другите луѓе, но затоа Марија во изобилие ги имаше и шармот и љубезноста што нему му недостигаа.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
Заспа дури еден час по разденувањето.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)