во (предл.) - изглед (имн.)

Нешто беше променето и во изгледот на г. Черингтон.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Покрај една малку подалечна маса имаше едно слободно место, но нешто во изгледот на човечето навестуваше дека тоа ќе внимава доволно на својата удобност и дека ќе ја одбере масата со најмногу слободни места.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Имаше нешто во изгледот на ова животно - впечатливата влакнеста џумка над тапиот нос што се делеше во двоен рог, студентите, но наелектризирани очиња - што страшно ме потсеќаваше на ... Бронтопс!
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Кога за првпат ја видов старата госпоѓа Амбросели јасно ми стана дека Бертран е копија на неговата мајка, како во изгледот така и во однесувањето.
„Животот од една слива“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2014)
Онаму каде што тоа било можно организаторите на изложбата во Палацо Граци се обидувале да обезбедат реплики, како оние на Линде за Музејот на модерната уметност, изработени во раните 60-ти.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Од репликите, “Тркалото од велосипед” што го направил Ричард Хамилтон во 1964 (кое исто така беше вклучено во изложбата) е најнеобично во изгледот, со оглед на тоа што наместо права вилушка има искривена и наместо бело столче има необоен, грубо обработен дел од селски мебел.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Неоримското и отоманското во изгледот на градот како да се натпреваруваа со агресивното соц-реалистичко градење за дефинитивна превласт во архитектонската дисхармонија во градот...
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Истовремено,тие ја потврдуваат и авторовата поетика која стварноста ја бара не во изгледот, туку во значењата на нештата.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Толку се беше изменила во изгледот. Не само заради убавите алишта, фризурата.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Одговор имаше во изгледот на нејзината другарка. Ни трага од волја за живот...
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
И уште нешто ми падна в очи: цвеќето ја смалуваше раздалеченоста помеѓу нас и Таша.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Не само во однос на упокоената туку и во изгледот и во однесувањето на присутните.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Ти си закалуѓерен во оној ред во кој зборот по вистината талка горд си на својот праведен изглед но токму во изгледот можеби си извалкан.
„Посегање по чудесното“ од Србо Ивановски (2008)
Седнавме на креветот. Ми кажа дека од сѐ што му оставиле оние кои го посвоиле, му останал само виенскиот дом на улицата Шонлатерн, сѐ друго отишло на пиење и коцка, или поточно, сѐ друго отишло на коцка додека пиел.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Тој сега имаше триесет и четири години, една повеќе отколку што имаше неговата мајка кога ја сретнавме едно понеделничко утро во беспризорниот кварт на Виена, и наликуваше на неа не во изгледот - таа тогаш, години пред тоа, му кажа дека го препозна затоа што личел на татко си – туку во начинот на кој старееше: беше проќелавен, забите му се ронеа, а коските му се искривуваа – прстите му беа чудно извиткани, и накривнуваше.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)