Влегол Аџи Кљак-кљак во изворот, се искапал и се сторил штрк.
„Силјан штркот“
од Марко Цепенков
(1900)
А.А. почека уште малку, погледна лево-десно, бевме сами во кафеаната, со чашка ракија пред нас, па продолжи со надеж дека ќе го предизвика мојот одговор: - Спасот на нашата мала, поделена и опкружена татковина со непредвидливи непријатели е само во изворното и непоколебливо придржување на идеите марксизмот-ленинизмот, и сега посебно сталинизмот.
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
Обогатени со видено умирање, гледале во огнот како во извор на животот, во црвено-жолтите кунатки со непрекинато јазење по усвитените гранки. Со мака ги држеле очите отворени.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Се плашеле од подмолноста на треската што им се мушкала зад грб.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Дедо Гога навистина се налути и ги брцна рацете во изворот.
„Билјана“
од Глигор Поповски
(1972)
Голем број стигматизирани општествени малцинства обликуваат заеднички идентитет и смисла за внатрегрупова солидарност така што од историјата на сопственото прогонување извлекуваат низа определителни трагични епизоди и така што тие епизоди ги преобразуваат во извори на комично себеутврдување и за политички активизам.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
А старецот, копајќи со рацете во изворот, откопа едно грне со жолтици, што некогаш кој знае кога, и кој знае зошто, некој го беше скрил тука.
„Билјана“
од Глигор Поповски
(1972)
Уште повисоко според надморската височина, е едно друго езеро, Преспанското, што го снабдува Охридското Езеро со половина од својата вода која се инфилтрира низ варовникот на планината и се појавува повторно, во изворите на Свети Наум или во дното на големото езеро, долго триесетина километри.
„Патот на јагулите“
од Луан Старова
(2000)