Го обележува оној што суди како човек однатре, како упатен во знаењето, како некој што ја знае тајната на кампот, како некој што е веќе инициран во круговите на заедничкото восприемање и на заедничкиот вкус по кои се издвојуваат оние што се во состојба да го распознаат кампот и преку кои меѓу таквите луѓе се создава мрежа на меѓусебно разбирање и меѓусебен дослух.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
За граѓаните да можат да учествуваат во демократските дискусии, тие треба да бидат информирани и да поседуваат знаење за да можат критички да ги проценуваат информациите 106 Jürgen Habermas, The Structural Transformation of the Public Sphere: An Inquiry into a Category of Bourgeois Society (Cam- bridge, Mass:MIT Press, 1989), 171. 107 Douglas Kellner, “Habermas, the Public Sphere, and Democracy: A Critical Intervention,” http://www.gseis.ucla.edu/faculty/ kellner/papers/habermas.htm. 93 и да ги претворат во знаење.
„Простори на моќта“
од Зоран Попоски
(2009)
Тој не успева да го согледа ослободителниот потенцијал на новите медиуми како нови сфери на јавна расправа, како и начините на кои тие не само што придонесуваат за доминација, туку и може да послужат како инструменти на граѓанското учество во јавниот живот и начини на предизвикување општествени промени.
„Простори на моќта“
од Зоран Попоски
(2009)