Пред нејзините грижни очи тој се преобразува од мртовец во змија, долга, темна, со сребрени шарки.
„Слово за змијата“
од Александар Прокопиев
(1992)
Течноста се разлева по земјата зик-зак и постепено се престорува во змија. Се буди исплашен.
„Животраг“
од Јован Стрезовски
(1995)
22. Ако чудесните трансформации, кога, пред заканувачката потера, фрлениот чешел израснува во трње како корија, солта во планина од пештери и камења, врпците во змии и смокови, капката масло во маслено езеро (во кое гонителот се удавува) се доживеат како прекрасни поетски слики, тоа не ми брани во овој бајковиден детаљ да го побарам сопственото етичко толкување.
„Пловидба кон југ“
од Александар Прокопиев
(1987)