Убави, милите лисичиња зелени, мили, мили милиии!“ — се разговараше Нешка, се разговараа две китки која од која поросни, помлади, поцрвени, поубави, а мислите на Нешка ѝ беа таму далеку во планината, во Зелка, во Ѓурѓишта, во Ѓурѓовиот камен, Козјак, Трибор, Перун, негде, негде во Рожденската или Книнската планина, каде што он, тој мочко нејзин, бере дрва со магарињата и нови, нови, стопати поубави китки ќе и донесе нејзе да ја израдува, оти преку нив таа го имаше и го чувуваше самиот него.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
За клетвите Се проколнувам себе и сè на светот кога ќе погледнам во едни очи, а тие ме читаат како прочитана книга, вртена, превртувана, претворена во зелка.
„И ѓаволот чита пРада“
од Рада Петрушева
(2013)
А сите што барем малку се одбираат во зелки знаат дека зелките немаат нозе а и чуму им се нозе на зелките кога умот е во главата а не во нозете, а од главата се стркалуваат и се истураат во јавето и сите тукушто зачнати и тукушто отсонувани соништа.
„Ситночекорка“
од Ристо Лазаров
(2012)
Сам се прашуваше, сам си одговараше, отшто немаше поачик од него за такви прашања иако имаше цела сурија кои се разбираат во зелки.
„Ситночекорка“
од Ристо Лазаров
(2012)