Тоа најдобро го илустрира лородот Гленконер, раководител на каирскиот оддел на СОЕ, кој во својот извештај до Форин Офис ќе нагласи: „Како што знаеме...секоја активност во Југославија треба со право да им се припише на партизаните, но јас сепак сметам дека нема да направиме штета ако во вестите кои се наменети за јавна употреба, дел од таа активност му ја припишеме во заслуга на Михајловиќ“.31
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“
од Тодор Чепреганов
(2001)