Се останува по старо џелатите станаа современи слободата е фрлена на колена чуствуваш духот е во зандани Едни злосторници заминаа но дојдоа нивните внуци џелатите се вртат во круг ги слушаш истите звуци Човештвото полека изумира светот е цел во метастаза а надежта остана во кутија се острат и неа да ја згазат Луѓето умираат во незнаење несвесни во илузорно постоење некои се мртви од раѓање а деновите им служат за броење Премногу животи одземени изгазена е совеста чиста премногу солзи пролеани а судбината остана иста
„Проклетници“
од Горан Јанкуловски
(2012)
Прв се огласи Камилски: Обично зборовите се наоѓаат во занданата на реченицата? Не разбирам?
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
- И од среќата човек треба да си почине. - Во зандана? - Па што!
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
Му дојде чудна желба да остави сепк некоја трага во занданата.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
Сите негови маки и незгоди се сведуваа на тоа: со влегувањето во занданата, тукашните го потсетиле на обичајот - да ги почести со по едно кафе за добредојде во „фамилијата“. Пази боже од ваква фамилија!
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
И еден ден Солун осамнува со потресна новина: Џемал-ага го ставиле во зандана.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
- Ти се примируваш со неа. Таа те става во зандана, за да го уништи твоето несогласување. И те смири.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
Ни дека е здрав, ни каде е.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
Застанува на прозорецот и во јасната ноќ ги гледа обрисите на каменити ѕидови и кулите на тврдината Једи-куле, одново претворена во зандана, извишена и раширена по ридот што се крева далеку од морето, од кој залудно се протега најубавиот поглед врз градот.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
Си измислувал човекот заобиколен пат но за жал сепак не пристигнал кај неа (Кај неговата Катерина). Ни не слутел дека го фатил правецот кој води директно в зандана.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)