во (предл.) - заедница (имн.)

Тој бил противник на каква било форма на балканска федерација и самиот настојувал „да спречи групирање на малите социјалистички држави, да се оневозможи тие во заедница да се грижат за својата независност и суверенитет, да останат така самите за себе изолирани едни од други, без потпора една на друга и секоја да го положи својот суверенитет и својата независност во рацете на советската влада под нејзин протекторат.“ 359
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
Меѓутоа, она што го одликува национализмот е нагласката дека заедничките обележја, како јазикот, верата, етничкото потекло и историјата, конституираат една група луѓе во заедница и јасно ја разликуваат од сите други.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Прашањето на колективизмот, то ест, прашањето како да се организира комуникацијата и да се овозможи соживот на различни автономни поединци внатре во заедницата, може да се реши на два начина.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Во село непознатото е секогаш моќно или страшно, тоа се интегрира во заедницата или се смилостивува со жртва и ритуал.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Веруваше дека Германија сепак го сака, но и го штрекнуваа причините поради кои таа не би гледала иднина во заедница со него... ...
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
По неа имав една Дулчинеја, додуша за разлика од првата, така припроста женичка, ама пусто многу добродушна, но од сожалување не се живее во заедница - ич не ми правеше ќеиф, ич.
„Вител во Витлеем“ од Марта Маркоска (2010)
Првиот чекор кон создавањето слободна Македонија, се нагласува во Меморандумот, бил преземен на 29 ноември 1943 година на Второто заседание на АВНОЈ, одржано во Јајце, при што е усвоен федеративниот принцип којшто им признава "целосна еднаквост на народите на Србија, Хрватска, Словенија, Македонија, Црна Гора и Босна и Херцеговина.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Во него, решавањето на македонското прашање, македонската емиграција организирана во МАНС го гледала во „обединувањето на трите дела на Македонија во една слободна македонска држава, во заедница со демократските јужнословенски и себалкански нации...“.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
А оптекот и споделувањето во заедницата на тие настранети мигови како да играат пресудна улога во општествениот процес со кој луѓето, и оние што се стрејт и оние што се геј, се иницираат во културата на машката хомосексуалност, ја препознаваат како таква и постепено создаваат смисла за личен и културен идентитет – макар колку за да присуствуваат на фестивали како што е Вигсток.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Напротив, признанието дека нешто е камп самото по себе е признавање на сопствената подложност на камп-естетиката и на сопствената готовност да се учествува во заедница составена од тие што го имаат истиот благонаклонет однос кон грозниот предмет.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Така почнаа да го критикуваат по весниците, само година дена по неговото соединување на архирабинската столица.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
А потоа тука беше и таа секогаш присутна сенка на претходникот на Цви, чуварот на архирабинската столица, оној обзирен рабин Хаим Хабиб што и двајцата не го сакаа можеби поради неговата вечна љубезност и секако поради тоа што многумина во заедницата го сметаа за неофицијален главен рабин.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Реков: „Како би било кога, едноставно, би живееле во заедница, повторно воспоставувајќи ги искинатите врски меѓу нив и нас?“ Margina #21 [1995] | okno.mk 65
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Тоа можеби би можел да биде одговор на сите прашања, ако успееме да ги елиминираме лековите.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Бевме како една голема задруга, сите некако се вклопувавме и согласувавме, иако секогаш во заедница потешко се живее.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
И покрај сета бесмртност трошка леб молам ('Лебот се гледа со очи!') еден добар, една добра, едно добро за душа на оној кој ја презира златната средина оној кој се чувствува удобно во сопствената природа и лебди леко, глатко глето клепка врз клепка - лебедова свила по рабовите на смртното случајно жив фанатично осамен благодарение на предрасудите за природното и вештата заблуда дека живее во заедница а не сам, самотен!“
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Влезот на странецот во заедницата се смета за вознемирувачка промена, опасен и непредвидлив чин.
„Простори на моќта“ од Зоран Попоски (2009)
На крајот на краиштата, и самите доктори ѝ велеа дека нејзиното однесување е нормално за сите што се нови во санаториумот, а потоа, порано или подоцна, сите се адаптираат на животот во заедницата.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Најтешка ѝ беше осаменоста во текот на ноќта.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Кога луѓето ги учат звуците (или фонемите) на Англискиот јазик на пример, тие не ги имитираат, туку се обидуваат да ја достигнат нормата, да го повторат стандардниот звук, и мораат да успеат во тоа ако сакаат да бидат интелигибилни во заедницата на говорниците на англиски јазик.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Внатрешните односи во заедницата на оние што сакаат се посредувани со омразата кон “заедницата” на сите оние што во неа не се вклучени; припадноста на некоја култура го содржи никулецот на негативниот култ - омразата кон сите што се туѓи.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Припадност кон Западот омраза кон Истокот, припадност на белата раса омраза кон 'небелците', припадност на ариевската раса антисемитизам, припадност на левицата омраза кон десницата, следење на еден maître â penser или гуру негирање на другите, и конечно, колнење во еден бог нетрпеливост кон сите што не го признаваат за свој.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Верите, иако инспирирани од екуменски дух, се секогаш партикуларни; боговите на историските религии како нормативен извор на морални судови не се носители на универзалното.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)