Знајш оти вчера душата во забите ми дојде дури излегу на Трибор?
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Го лекувале, прашоци во забот му дувале, на грб го легнувале и самите се превртувале.
„Најголемиот континент“
од Славко Јаневски
(1969)
На бојното поле, во просторијата за мачење, на бродот што тоне, целите за кои се бориш секогаш се забораваат, затоа што телото се надувува додека да го исполни универзумот; па дури и во моментите кога човек не е парализиран од страв, или кога не вреска од болка, животот е борба од момент до момент против гладот, или студот, или бессоницата, против вознемирениот стомак или болката во забот.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Можеби лисицата веќе го гони а можеби веќе и го држи во забите.
„Било едно дете“
од Глигор Поповски
(1959)
Ш
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Коњот се гледа во забите, а човек в очи!
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
-На пример, таков одвратен факт - почнува тој и ненадејно се преобразува: зазема некаков антички став, бледнее, станува сѐ помрачен, а во неговите очи, кои наеднаш се отворени неприродно широко, се пали чудна мешавина од пакост, тага и демонски начела.
„МАРГИНА бр. 4-5“
(1994)
-Царицата Ана Ивановна во една прилика науми да се подбие со Херасков дозволувајќи му да пишува стихови само под еден услов: секоја нова песна да ја носи држејќи ја во забите и одејќи на четири нозе низ сите дворски анфилади!
„МАРГИНА бр. 4-5“
(1994)
Бојан скрши по едно парче од тричникот, што тие уште во воздух го дочекаа в заби и пак се вратија во тремот, пред плевната, на суво да го уживаат својот појадок.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
Да, тоа беше тој, неговиот мршар, неговата парталава сенка и неговиот придружник, со сета своја мршарска смрдеа, веднаш под него така, за тој, ако се отпушти од меѓу своите две ветки, да му падне право во забите; - една дивинка, проклета и прогонета и од своите и го продолжуваше своето вечно кобење.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
И кога клечи е многу голем, и тежи, и пречи тоа купче што зафаќа место, небаре в заб заглавено тесто. 2001
„Сите притоки се слеваат во моето корито“
од Марта Маркоска
(2009)
Еден светилник залета во воздухот и падна врз главата на омбашијата, а од неа бликна крв. – Пукај, сечи, коли! – се разрева раскрвавениот омбашија и сам се загна напред со голиот јатаган во забите и кубурите во двете раце. – Еј, Ристосеееее!
„Калеш Анѓа“
од Стале Попов
(1958)
Ќе се омажам за доктор, дентист, протетичар, тој ќе прави вештачки вилици - половина злато в заб, половина в џеб.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
Животното во забите имаше стегнато гранка обрасната со свежи лисја.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
Тоа е, најпосле, несмасната црна лебарка, онаа бубачка што ги плаши домаќинките, а дошла само да ја грицка изнајмената волна и да заврши во забите на газдинската мачка.
„МАРГИНА бр. 35“
(1997)
СМЕЛОСТА ЈА СЛЕДИ СРЕЌАТА а од плашливиот среќа се плаши и бега, зашто тој ја носи право во забите на стравот!
„Еп на Александар Македонски“
од Радојка Трајанова
(2006)
Ќе стивне малку болката во забот и пак ќе почне да дупи.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Ко јазелче ми се заврзува под гушава, во забиве, вели.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)