Не приоѓајте му, Тој се крие во жиличките на тревата, Скита низ пустината и наслушува од која страна ќе надојдат водите, разговара со плодовите, неговиот глас за визглавје го ставаат во крошните на децата и во постелите на болните, неговата галија плови меѓу пусти острови расфрлани низ морињата на оние што останаа без сон.
„Љубопис“
од Анте Поповски
(1980)
- Се разбира, сигурно тоа, - ќе речеше благо, навивачки другарот Трифун Трифуноски, - се гледа, пред очи е работата, ама сепак вие, мило мое, изберете една дарба, најблиска до вашата душа, таа што како пролетно поточе ви жубори во жиличките, во цветните, мали жилички, таа што како благо ветре ви вее пред вашите убави, сјајни очички, и ајдете запрете го Трифун Трифуноски, тој сосема се забораваше, се гледаше: него исто така треска го тресеше, како тој да полагаше.
„Големата вода“
од Живко Чинго
(1984)