Кога во живеачката надоаѓа сиромаштијата широко зинуваат устите за мали залаци и погледите на луѓето папсуваат како оној на селанката од Пустец од чиј врзоп денеска никој не купи ништо - барем едно сунѓерче за миење садови, едно шише маслинов зејтин, една паста за бричење.
„Светилничар“
од Ристо Лазаров
(2013)
Тука, на плоштадот Свети Марко во Венеција доселениците од Македонија неодложно се потсетуваат дека од памтивек се навикнати на печалби и селидби, навикнати се водата постојано да им е до гуша во живеачката, навикнати се и кога пеат да ја колнат туѓината.
„Светилничар“
од Ристо Лазаров
(2013)
„Гледаш, немам размислувано за таквите можности“, се насмеа мајка ми.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
РОЛНИТЕ НА ДЕТСТВОТО НА ДОСЕЛЕНИЦИТЕ ОД МАКЕДОНИЈА НА ПЛОШТАДОТ СВЕТИ МАРКО ВО ВЕНЕЦИЈА
„Светилничар“
од Ристо Лазаров
(2013)
„Така ти е тоа во живеачката, продолжи да зборува Огнена Гулева”, му раскажував на Даскалов, „се си мислиме: ако излеземе од дома ќе ѝ го смениме патот на судбината“.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)