во (предл.) - желба (имн.)

Сепак, јас ќе се обидам да го направам тоа во поглед на една револуција во философијата, онаа постмодернистичката, и на тоа движење во поглед на еден философ - Жак Дерида (Jacques Derrida).
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Направив неколку измени како резултат на некои корисни забелешки; сепак, сигурен сум дека тие се недоволни да призведат консензус. превод: Жарко Трајаноски 68 Margina #11-12 [1994] | okno.mk Iddo Landau Што е старо кај Дерида? (What’s Old in Derrida?) Philosophy 69, 1994 1 Револуциите често задржуваат повеќе карактеристики од предреволуционерната состојба, отколку што сакаат да признаат оние што ги прават.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Карактеризирајќи ја предреволуционерната состојба како лоша (инаку не би имало никаква потреба за револуција), во желба да ја истакнат величината на нивните дела, револуционерите сакаат да ги потенцираат разликите помеѓу претходната состојба на нештата и новата состојба, и претпочитаат да гледаат на сличностите како да се малку и незначителни.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Во желбата да задржи одредена логика во замислите и да ја сочува екстраваганцијата на својот сопруг, жената на филологот, која во неделата беше негова ќерка, инсистираше да се усвои принципот замената на имињата на предметите да се извршува според класификацијата на родови и да се усклади со употребата во секојдневниот говор. 64 Margina #8-9 [1994] | okno.mk
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Сè така набрзина за време на празниците, во еуфорична атмосфера кога сите студенти и оние што живеат настрана се расположени и динамични во желбата сите со сите да се поздрават.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Набргу можеше да биде сигурен дека тука ќе се исполни и она, што го прижелкуваше сето време скриено во себе, но што немаше смелост да го оформи во желба.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Не, не стануваше збор за некакво женирање. Или сомневање во желбата.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Едноставно ми се чинеше дека беше доцна таа причина да ја спомнувам.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Бешир вешто стигна на одреденото непознато место, возејќи крај морето, минувајќи првин крај претседателската палата, па кон монденските Ла Марса и Гамарт, во точката на просторот каде што беше договорено да ме чекаат Палестинците, за да ме одведат до скривалиштето на Јасер Арафат, каде што пред неколку месеци му ги предадов акредитивните писма со кои станував амбасадор во земјата која постоеше најмногу во цврстата решеност, во желбите и замислите на Јасер Арафат! Во смислата на неговиот живот.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Арафат како да имаше договор со смртта, никогаш да не го стигне...
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Кога ме бркаше мајскиот бумбар си го скрив лицето во желбата на саканиот... рецитираше таа, додека Зрновски внимателно ја разгледуваше левата дланка, како да го бара таму поарчениот дел од линијата на животот.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Братот на директорот на издавачката куќа во желбата да го ослободи од необмислените предрасуди го известил Милошевски дека неговите пораки не држат.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
- Штом ќе препознаам некаде присуство на невиност ако не можам да му се придружам барем сочувствувам со него - реков во желба да го дообјаснам карактерот на моето учество во настанот кога веќе беше речено дека сум го подржал она што се случуваше минатата ноќ.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
- Кога е во прашање злото секој обид што може да го помогне неговото одложување или оневозможување, си го чини трудот - рече тој веројатно во желбата да му ја врати на разговорот потребната сериозност.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Тука, во Прењес ката ден чекаа и согоруваа во желбата да ја слушнат веста: - Народе, излегувај, се враќаме дома!
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Човек физички расте колку што му е одредено, некој десетина, дваесетина сантиметри повеќе, некој толку помалку, но во мислите, во желбите, во стремежите, во знаењето човек навистина може да израсне до небото!
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)
Анастасија речиси беше сигурна дека Радуле во желбата да ја расположи несреќната Стојна веројатно ѝ објаснуваше дека не треба да се срами бидејќи оние од горните прозорци се страдни да зафатат барем со малиот прст од густиот маџун на задоволствата што ги уживаат тие двајцата!
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)