„Моето сликарство, моите мисли, мојот надворешен изглед, како и архитектурата околу мене мора да сочинуваат единство“, пишува Хундертвасер во есејот „За другата кожа“, 1982/1983.
„МАРГИНА бр. 19-20“
(1995)
Оваа размисла ја бев наследил од Татко, но подоцна ја сретнував кај современи филозофи, посебно во есејот Револтиран човек на Албер Ками.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Ете, поради тоа, кога убаво се изнасмеав од прочитаното во есејот на Јан Кот „Одалеку-одблиску или Балзаковиот кревет“, веднаш потрчав во собата каде мојата сопруга уживаше во следењето на ТВ серијалите и почнав да и раскажувам за Јан Кот и за неговите средби.
„Календар за годините што поминале“
од Трајче Кацаров
(2012)
Тој рече дека морам да ја слушнам таа музика; тие се всушност само бледа слика на вистинската, преподобна музика; рече и дека сега му е смешно што го бранел џезот пред народната музика, и дека сето она што го напишал во есејот била чиста глупост; рече дека постои само една музика, и дека задолжително морам да ја слушнам.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Не можеше да добие диплома, да матурира; на разговорот со директорот беше дрзок, и на овој му попуштија нервите, оти во есејот Лудвик беше направил некои неумесни асоцијации и за него, и за неверството на неговата прва жена.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Мене колку ми е познато овој термин за првпат во размислата за поезијата го воведува Осип Мандељштам во есејот „Испад“, во кој дефинира неколку виални состојби во руската поезија и поезијата, воопшто.
„Љубопис“
од Анте Поповски
(1980)
Потсетувајќи на Фукоовата дефиниција на “Другиот” како човековиот нем близнак, Деридината реторичката стратегија во есејот “Diffѐrance” не само што употребува еден термин што експлицитно упатува на раздвојување и поделба, туку исто така, via неговото нарушување на законите на пишувањето со неговата нечујна грешка, via неговото потсвесно привикување на еден заборавен концептуален модус, користи една “нема” иронија за да креира еден дискурс на графички и теоретски неред под површината на чујниот и реторичкиот конформитет.
„МАРГИНА бр. 10“
(1997)