Како помлад бев екстремно живчан, а пак денес малце работи можат да ме извадат од такт: не ме дрма ниту светската криза, ниту тоа што сум во долгови, ниту што цркна трансмишнот на мојот "форд", ниту кофимејкерот што експлодира и ни ја полеа цела кујна со ситно мелено колумбиско кафе... ама оваа глупава опаска од такт ме извади!
„Бед инглиш“
од Дарко Митревски
(2008)
„ ... Едно време, додека тука комунистите беа на власт, откако Тито се скара со Сталина, власта овде почна онде – овде, планирано да дозволува по некоја приватна работичка, но со отворена можност не само да му го затворат дуќанот туку и да го остават во долгови што доживотно не ќе може да ги плати.
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)