Стравот го фрла во дилема: како да го реши проблемот: дали како другарот Тито кога се вратил од средбата со Сталин или како Американците со ураганот Густав?
„Календар за годините што поминале“
од Трајче Кацаров
(2012)
Сосетката Стела истрчува во пењоар во потрага по својата загубена чедност и граѓански права, разминувајќи се со мајстор Величков (витален водоинсталатер по потекло од Драгалевци, Република Бугарија), којшто е во дилема дали водата од горниот кат капе затоа што тивкиот Јапонец од апартманот број 8 оставил отворена славина или пак ритуално се самоубил во плитката када.
„Бед инглиш“
од Дарко Митревски
(2008)
Дојде крајот на учебната година и Богуле го заврши училиштето со многу добар успех, иако учителот, и оваа година, како и во претходните, беше во дилема каков успех да му даде, зашто Богуле во текот на годината покажуваше нееднакво знаење: некогаш лекциите ги раскажуваше извонредно добро (тоа беше во оние денови кога неговото станување ноќе татко му го го користеше да му ги чита лекциите од книгите), а понекогаш уста не отвараше, стоеше како смакнат, замислен, нем, дремлив.
„Јанsа“
од Јован Стрезовски
(1986)