во (предл.) - детаљ (имн.)

Но сè додека во детали не дознаеме како е тоа можно, материјализмот (физикализмот) не ќе може да го објасни проблемот дух-тело, туку само ќе претставува ветување за можното решение.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Нема сомневање дека современите научни испитувања, особено оние на полето на науката за мозокот, наведуваат на тоа дека токму тој орган на некој начин ја крие тајната на духот.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Обично во детали ги разработував сцените кога листот ми беше одземан и оставан на катедрата.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
На ист начин би било преоп­ширно да се навлегува во деталите на “Големото стакло”, или Дишановите забелешки во врска со него.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Знам точно во детали што се се случило, исто како да сум бил таму.”
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Тој во детали раскажа сè што видел и ако тоа што го видел тој, и било и не било тоа што го видел.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Тогаш не го знаев сето тоа, не ја познавав во детали технологијата на власта; но со интуиција (тоа прекрасно орудие за сознание само на младиот човек), чувствував дека не треба да го потпишам формуларот на Луција.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
„Имаш право. Сонувала. Бидејќи и останало само да сонува!
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
„Замисли си“ му реков на Ѓурчина „онаа луда Огнена Гулева сонувала да преспие со тебе само за да и се роди и нејзе синче од познат главатар; зарем не те радува тоа?“
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
А притоа изгледа заборавила дека синовите се создаваат во помлади години, а јас баеги одамна го загубив тој рок.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
На Ѓурчина, најнапред, му го претставив однесувањето на Огнена, се разбира со мои зборови; спомнатиот разговор помеѓу неа и мајка ми беше отпечатен во мојата глава, посебно делот во кој во детали се објаснуваше нивната љубовна врска; не ја заобиколив и гласната смеа на Огнена Гулева особено во моментите додека ја изложуваше својата зависливост!
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Според Фуко, сите тие се дел од трикот кој прикрива што навистина се случува: овие доминантни вистини всушност се определување на животите и на односите на индивидуите; тие правилни заклучоци за посебни начини на постоење се всушност пропишани начини на постоење.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Практиките на модерната моќ, изложена во детали од Фуко, се посебно подмолни и ефикасни.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Во неколку реченици го раскажа своето војникување, не навлегувајќи во детали.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Но, тоа е долга приказна и веројатно ќе ти ја раскаже Рада, бидејќи ја знае во детали.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Изгледа дека премногу навлегувам во детали, кои воопшто не се важни.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Ги гледа сликите и забележува дека некои периоди од животот му се празни, не се сеќава што се случувало во нив, а на некои периоди се сеќава во детали, во ситници.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Што точно се случува во никогаш невидениот лавиринт до кој водеа пневматските цевки, не знаеше во детали, но знаеше во општи рамки.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Во наредните глави во детали ќе ја испитаме конструкцијата на Гедел, а за да не бидете во тотална темница овде ќе се обидам само да ја начкртам глобалната шема за сржта на Геделовата идеја.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Откако го пронашол ваквиот код, следниот чекор за Гедел бил во детали да го трансформира парадоксот на Епименид во некаков формален израз од теоријата на броеви.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
V Танаил каменоделкачот, работејќи долги години на својот занает, ги познаваше камењата во детали, на секој камен што го обработуваше му ја знаеше душата; ќе го пофатеше, ќе го испревртеше со рацете или со лостот, ќе го потчукнеше со чеканот неколку пати од сите страни, како железничарот што ги проверува тркалата на возот дали се пукнати, и ќе узнаеше какво му е срцето: здраво или не; ќе му биде ли верен до крајот на обработката или ќе му откаже на полпат; ретко му се случуваше да се излаже, да го делка некој камен, да го дотерува, да го обликува со денови, со недели, а често и со месеци - и на крајот да му пукне, да му расипе сѐ; а кога ќе му се случеше понекогаш тоа, - Танаил го фрлаше чеканот и глетото и налутено седнуваше крај каменот, неверувајќи дека навистина му откажал, распукал; врвеше со прстот преку пукнатината како преку рана, како преку болка; стоеше така долго време загледан во пукнатината и сиот ифрит, јад, не земаше веднаш друг камен да работи; ќе испушеше цигара, ќе се напиеше чашка-две ракија, и откако ќе му поминеше маката и лутината, започнуваше да одбира друг камен вртејќи го долго време пред да го направи првиот удар со чеканот и глетото на него.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Не сакам да зборувам во детали за тоа како ми беше кога седнав на шолјата.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Кога ќе станеше да појадува, бабата стоеше на прозорецот од кујната и ги гледаше минувачите како одат на работа или безобразно ѕвереше во прозорецот на соседите отспротива.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Оттука, Главниот штаб заедно со Политбирото на партијата внимателно, најодговорно и во детали ја проанализира целтата ситуација и заклучи: повлекување на сите наши единици од реонот на Грамос...
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Секој од вас ќе добие дел од наредбата што се однесува конкретно за секоја единица и тоа во детали.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Но тие беа глуви за плачењето на сиромашните, за болката на обоените, за исмевањето на младите, предупредувањата на нивните поети.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Поклонувајќи се само на силата и на парите, тие ги слушаа само силата и парите.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Се обидувавме да ги насмееме. Ги предвидувавме во детаљи сите ужаси што ги повторуваа.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Уставот содржи 100 члена и во детали ги регулира должностите и правата на членовите.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Вака беше: Откако прилично одамна го добив она писмо од Ивана, во кое таа во детали ми имаше раскажано за нејзините доживувања во Дизниленд, немав мира ни дење ни ноќе.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Љубе добива нервни напади поради тоа.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Понекогаш ми се случуваше да го потиснам мојот копнеж по патувањата во странство, во тие далечни земји во кои никогаш не сум била, ама никогаш не можеше да ми се случи сосема да заборавам на тоа.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
И сè во детали ми опишала.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
На што се возела, што видела, како се фотографирала со Дизниевите јунаци, па јадела огромни сладоледи!
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
За тие што му се најомилени знае во детали сè за нивниот живот и не може да се случи да не оди на концерт на таква музика, или да пропушти емисија на телевизија со нив.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)