во (предл.) - демон (имн.)

Деловите од таа замислена библиотека, собрани или смислувани почнувајќи од третиот век, го сочинуваат она што се нарекува Corpus Hermeticus...“
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Првиот навод од Борхес гласи: “Општата историја продолжи да се одвива, и премногу човечките богови обелоденети од Ксенофан беа уназадени во ликови од поетската литература, или во демони - иако е соопштено дека еден од нив, Хермес Трисмегист, изговорил во перо променлив број книги (42 според Клемент Александриски; 20.000 според Хамбликус; 36.525 според свештениците на Тот - кој исто така е Хермес) на чии страници биле запишани сите нешта.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Речиси немаше балкански народ кој немаше своја јаничарска историја, која упорно ја бришеа победниците од својата свест, ја потиснуваа до дното на нивната потсвест, за да избие еден непознат свет со сета потискувана експлозија, која најмногу се одразуваше во демонот и делириумот на владеењето.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)