во (предл.) - гуша (имн.)

Па, и потоа преташе, крвта негова, ама јас, штом ќе претнеше тој, веднаш во таа дупката што му ја имав отворено со анџарот во гушата ќе му натурев горешта вода.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Потем, за да не се случи некако да стане, го грабнав анџарот и му го збрцав во гушата.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Обично слабиот со уште послабиот од него се фаќа в гуша, проклетство, работата докрај да биде свршена.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Мислиш тука, во гушата, му е срцето.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)