во (предл.) - грб (имн.)

- Како не, па јас, освен што ги имам болките во грбот од ништо друго не сум била болна. - рече без двоумење.
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
- Смрт за балканскиот предавник! – викаа сложните балкански маси сите со ками готови да си ги збрцаат во грбот едни на други така што потоа Европа да остане осиромашена. И толку.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
- Дал ти бог добро, - рече стариот иронично и го проследи со поглед в грб.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Правецот на движењето ќе биде: низ лозјата, врбјакот, па низ потокот - в грб!
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Некој зад мене ме бутка в грб и ми подава нешто.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Се пикам со лицето во грбот на Ѓеле.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Тогаш Толе се јави од гробиштата, сега тој на аскерот в грб, та овој пак се врати во своите метеризи околу конакот и казармата, а селаните се разбегаа кој каде види по чукарите и си отидоа дома. III ТОЛЕ МАРИОВСКИ ПАША Толе остана сам со своите осум опробани другари.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Тука се браќата Б'лгари, тие ќе му удрат в грб и ќе си ја соберат пашите опашката дури во Анадол, откај што дојдоа.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
А тие што се завртуваа, иако забележуваа некакво движење на луѓе, мислеа дека аскер од други табури им иде на помош, та Толевци слободно се приближија кон ужина до самиот нивен грб, на стотина метра, и користејќи ја шумата и карпите низ неа, како и доминантната положба на врвот (Толе секогаш гледаше да биде на повисоко од потерите и тоа го спасуваше), отворија оган од своите дваесетина манлихери и берданки пак в грб на аскерот.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Целата западна четвртина од Маргара беше слободна.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Погледа сеир некој саат и друг и кога виде дека Бахтијар има намера да ги опколи сосема четите, им запукаа в грб на аскерите и ги распади долу долот.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Удри в грб на Толевци и овие беа принудени да се повлечат без свршена работа.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Не гини лудо, бре, ќе простит царот, бре!
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Налутен како рис прв дотрча кај војводите и уште од педесет метра почна да вика и псуе: — Ами вака ли, море коркари, ќе го падеме Турчинот, слепци да водите што го зедоте на душа народот, аир да не сторите во очите да рече господ златен!
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Добро им дојдоа бомбите и патроните што ги донесе Ѓорче.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Бахтијар ја осети сериозната положба и нареди можеби десетти јуриш, а порача и појачање од Маково каде еден бимбашија остана со илјада души аскер. Не малку се испрепали аскерот од западната страна на чуката и не малку се изненади Бехтијар кога околу пладнина почнаа од наспоред, од исто така високата чука „Гарван“, да грмат в грб на аскерот десетина манлихери.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Веднаш нареди на буризанот да засвири тревога.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
А тој — Јово со Цилета и со заштитата на знамето ќе остане на своето место, „Касаматова Тумба", и во случај таа да остане надвор од обрачот, што прирадно и беше, бидејќи беше одделена неколку стотини метра од Маргара, тој ќе даде оган в грб на аскерот и ќе го раскине обрачот.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
— Е, море, напред напред! — им се испушти од грлата на стотина души голораки селани.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Дедот Коле пропука на казармата и гледајќи дека главната сила, што ја предводеа војводите откон гробиштата, се откажа од борбата, и тој како Толета се повлече и ги фати блиските чукари „Шупливец" да гледа што станува в село.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Продадениот интелект во секое време може да ви забие нож во грб затоа што ако еднаш се продал себеси тој без проблем ќе ве предаде и вас за неговиот интерес.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
- Ѝ ѕвони српот, лути потта во очите, боцка осилот во грбот, а срцето е полно, преполно и секој клас ти е драг како жолтица... - зборуваше доктор Коста загледан во белите забратки и белите кошули на жетварите.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Навистина чувствуваше единство со земјата, со самиот центар на земјата и надвор од земјата, и како нов бран од животот да ѝ протече во неа, така што таа се почувствува посилна, многу посилна од кога и да било, и тогаш немаше ни болка во грбот ни мака во срцето, туку го имаше само чувството на надуеност и набабреност во длабочината на своето тело.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Но, не смееја. Се задоволуваа со тоа што, скришум праќаа погледи во грбот на човекот во сина облека.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
АНЃЕЛЕ: Благодарам. (Седнува така што светлината му удира во грбот).
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
Во истиот број на списанието Тајм аут во кој читателите се повикуваат да ја посетат „Легендарната збирка за Џоан Крафорд“ во Сан Франциско, за да видат „зошто оваа класична холивудска ‘мамичка’ е навистина најмила“, во еден друг напис со наслов „Најдобрите бањи во САД чии сопственици се геј“ се наведува дека „геј-гуруто за нега на кожата Енрике Рамирез, родум од Мексико“, во својата бања Лице в лице во Њујорк на клиентките им ја нуди „масажата Најмила мамичке за ублажување едеми и болки во грбот при бременост (без грижа, не се користат закачалки)“.183 Најмила мамичке содржи многубројни сцени во кои се преодигрува, на својствен екстравагантен начин, судирот мајка-ќерка што толку впечатливо се прикажува во Милдред Пирс.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Потоа, кога ќе дојдеше време да се вратиме во нашите соби, болничарите го фаќаа Хајнрих под мишките, и тој се подигнуваше, па потоа тие со рацете го бодеа во грб, и тој чекореше, механички, отсечно мрдајќи со нозете.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Кога синот исчезнуваше во зградата, мајката стануваше, и лицето веќе ѝ беше потполно изменето (како на него одеднаш да се спуштила некоја несреќа, но не нова, тукушто дознаена, туку некоја долга несреќа, која веќе не предизвикува ужаснување туку се носи со некакво помирување кое во себе има само мачнина), и со уморни очи, и исто такви движења, се упатуваше кон излезот од Гнездо. .
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Стариците со тажни писоци се спасуваа од вратите што им се нафрлуваа, но не им успеваше секогаш да побегнат.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Вратите ги стигнуваа бегалките и ги туркаа во грбот, а одгоре, со тап звук, веќе се спушташе противтегот, пролетувајќи како ѓуле покрај слепоочницата.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Стомакот почна да се спушта надолу. Во грбот чувствуваше неподносливи болки, како ’рбетниот столб во секој момент да треба да и се одвои од телото.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Нека се намрсат, еј!” И тогаш, прозваниот, кој цел ден го слушаше потсмевот во грб од сите нас кои шушкавме меѓу себе поттурнувајќи се со лактите, се потпре на оградата на балконот и се развика: „Коју песму да ти запојем по жељи, маму ти твоју!“
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Акакиј Акакиевич извесно време почна да чувствува дека нешто почна некако премногу силно да го пробива во грбот и во рамото, и покрај тоа што тој се трудеше колку што е можно побргу да го претрча вообичаеното растојание.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Го ранија в грб, не в гради, зашто не беше свртен кон нив туку кон својот грев подаден пред него како пред мрачно предупредување дека е виновен.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Само може да биде избоден во грб. Или додека спие.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
И во мигот на радоста, одекна зад него истрел и сети како куршумот му се зари во грбот.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Јас не сакав да се вратам, бев забележана од непријателот и ако ме ранеа немаше кој да ми помогне.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
А и друго беше ако борецот во грб е убиен или ранет, се сметаше како да избегал.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Големото око на таа колона се заситуваше од едноличности и го впиваше погледот на долгиот жилав тил, во грбот пресечен со светкави ремени.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Се задоволуваа со тоа што скришум праќаа погледи во грбот на човекот во сина облека.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
Не можеме да го фрлиме од краста удоле, да го стркаламе по басамаци, да му кркнеме нож во грб, жив да го закопаме, да му скинеме глава на спиење, да му исшмукаме крв, да го продадеме на турски силеџија, да му скинеме една дојка…
„Последниот балкански вампир“ од Дејан Дуковски (1989)
Бесен и среќен!!
„Последниот балкански вампир“ од Дејан Дуковски (1989)
Тогаш тој ќе фрлеше еден поглед на едната и другата страна, кон Мама или кон мене, ќе ни намигнеше со нежност и ќе продолжеше, сведнат, со лицето кон земјата, додека небото му се загледуваше во грбот.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Некои велат дека ја испил Чашата Хераклова. почувствувал силна болка во грбот небаре копје го прободело.
„Еп на Александар Македонски“ од Радојка Трајанова (2006)
Изморени и капнати од целодневното одење, легнуваат на влажните лисја и слама - една додруга, тело до тело, притиснати, гушнати; си дишат в лице, в чело, в грб, превиткани од студенилото и влагата што влегува под кожа.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Дончо ( Тета Чана го викаше Доне) не изгледаше дека е роден во иста година со неа, дури и во ист месец, ама не и во ист ден (само близнаци можеле да се родат во иста година, во ист месец и во ист ден), оти тој беше уште еден нејзин бој повисок, два пати поширок во грбот, а за главата и да не се зборува - тетка Чана му велеше дека има шиник глава!
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)