Уште пред да стигнат до Палацо Граси, посетителите на Венеција можеа да ги видат зелените натписи што висеа на мостовите низ целиот град со името “Марсел Дишан”, амбициозно најавувајќи ги датумите на изложбата (од 3 април до 16 јули), како и многу слични плакати излепени на секоја станица на “вапорето-т”. (мал параход што плови по каналите на Венеција - заб. на прев).
„МАРГИНА бр. 4-5“
(1994)
Имајќи го во обзир градот домаќин, човек помислува дека организаторите на изложбата можеле да ја употребат фотографијата на Дишан во гондола за плакатот или за насловната страна на каталогот на изложбата, но наместо тоа, ни беше репрезентирана колор репродукција на Дишановото ремек-дело, “Невестата соблечена гола од нејзините додворувачи”, попознато под името “Големото стакло”, со фотографија на еден венецијски залив во позадината.
„МАРГИНА бр. 4-5“
(1994)
Единствен визуелен документ што го имаме за неговиот престој таму е една фотографија на уметникот, седнат во гондола, што ја снимила Дрејер: облечен во костум и вратоврска, седи удобно, но со некој збунет израз на лицето.
„МАРГИНА бр. 4-5“
(1994)
Пролетта 1926 година Марсел Дишан престојуваше неколку дена во Венеција со американската колекционерка Кетрин Дрејер.
„МАРГИНА бр. 4-5“
(1994)
(Но нели, и убиецот на Злосторникот е убиец?) А притоа, како да се Ослободам од помислата за петгодишниот брат Кој беше исто толку мал и беспомошен (Притоа и смешен) додека патуваше по морето На животот во гондола од џиновската обувка на татко ми?
„Посегање по чудесното“
од Србо Ивановски
(2008)
Тогаш од под мостот по кој минувавме се слушна песна; јас за првпат при таа прошетка го одвоив погледот од моите стапала, погледнав кон каналот по кој, во гондола, пловеа неколку млади луѓе, и пееја.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Се сопнав и паднав. Брат ми се поднаведна, ми помогна да станам. „Добро си?,“ праша. „Добро,“ реков.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
По навика се пишуваат и тестаменти и се фрлаат в море во затворено шише.
„Светилничар“
од Ристо Лазаров
(2013)
Во Венеција човек по навика се качува во гондола и мавта ли, мавта, било кому на брегот, колку да се мавта.
„Светилничар“
од Ристо Лазаров
(2013)