Страста на тоа дете за обликување му ја задоволував создавајќи портрети на луѓе или фигури на животни во глина, во дрво, во песок, но најчесто во снег.
„Захариј и други раскази“
од Михаил Ренџов
(2004)
Стрвен на секакви соништа грнчарот може да набаса на соништа што ја будат болката, на соништа мемлосани од многу влага, тадури и на соништа оболени од зломисла и тешко нему ако се засркне од таквите соништа - којзнае дали ќе успее некогаш да го допре јавето сраснато во глината.
„Ситночекорка“
од Ристо Лазаров
(2012)
И го раскажуваше сонот на мајка си и мајка ѝ не знаеше кој пат да го фати.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
Кога се созеде, ја виде и Сија Хаџибанова. Седеше на еден камен, собрана и премалена.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
Ја замесуваше во глината, ја вртеше на грнчарското тркало и правеше разни форми од неа.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
Грнчарот ја подврза косата и горниот крај ѝ го залепи на една грутка влажна глина. Речиси ја посади во глината.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)