Имаше еден чудесен ден во гладта, преблаг ден за сите нас.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
Ми прорекуваш гроб а сега признаваш дека ќе те надживеам.“ во гладот на тој Константин како да се чувствува победа.
„Забранета одаја“
од Славко Јаневски
(1988)
Не знаеше од каде доаѓа свилата, дека тоа е измет на бубачки, како пајажина, но попостојан и поубав оти е создаден во ситоста и мирот на сонот, а не во глад и трескава напнатост на јавето; дури ни колку долг и опасен пат треба да се прејде за да биде прегрната од фустанот што ќе ѝ ја разладува младата кожа.
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)
Се борев да станам како сите и престанав да сум она што бев, сон в задимена крчма и женскар. „Да не ти се стопила свеќата под папокот?“ ме праша некој од смоларите во една вечер кога се говореше во глад за жени, а јас не го удрив и не реков ништо.
„Месечар“
од Славко Јаневски
(1959)