Изгледа тогаш Трајчеица сѐ уште не беше зацапана во генералот, или уште беше загрижена за чистотата на своето име во идната живеачка како вдовица, па не сакаше да дава поводи за озборувања и други какви било приказни.
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)
Маркос се потсети на жолчниот разговор што го водеше со своите соработници, тогаш потпоручници и поруници на предвоената грчка армија, за време на движењето на отпорот – капењос, а сега унапредени во генерали (не од него) Бланас, Кикицас и Ласанис, со кои го формира Главниот штаб на партизаните.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Ете така мојот Семјон го унапредија во генерал, и тоа генерал на куплерајот на Иван Степанович.
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)
Веќе го снема стројот, строевиот чекор, долгото трчање по макадамот покрај морето и трчањето пругоре сѐ до кралската палата, немаше марширање и со песна, на морнарите не им ја земавме лединката, и под разгранетата врба не стоевме во строј и не се колневме во генералот Маркос.
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
- Се слуша дека овие страшни, неизлечиви епидемии се негово масло, дека крвавите наезди на источните фанатици ги предводи лично тој, престорен во белобрад старец со огнен поглед или во генерал со наежени мустаќи.
„Слово за змијата“
од Александар Прокопиев
(1992)