На сите страни беа испратени потери, богатиот „трговец“ да се фати, трговецот којзнае каде беше далеку од Битола.
„Гоце Делчев“
од Ванчо Николески
(1964)
Коњите како на крила, во галоп, го однесоа „трговецот“ надвор од Битола...
„Гоце Делчев“
од Ванчо Николески
(1964)
Препознатлив знак им беше тоа што ноќе растураа летоци со втиснат амблем на два црни коњи во галоп на врвот на листот и со антирежимски пораки.
„Браќата на Александар“
од Константин Петровски
(2013)
Човекот го сонувал во молитвите својот бог во вид на бел и гривест коњ, крај реки и крај степи, на облаци над тие степи и над тие реки, коњот го познавал само оној бог чии петици му ги стискале ребрата додека со сила на ветар се судрувал во галоп со ветар.
„Забранета одаја“
од Славко Јаневски
(1988)
Стоеше тој запис на карпата како отсекогаш да бил тука, на еден древен пат, а Филозофот расправаше дека од времиња најдамнешни тука минувале каравани, натоварени со стоки, војски накитени со страшни знамиња, царски курири кои во галоп разнесувале пораки по сите краишта на тогашната славна држава и на нејзиниот цар, чие име подоцна го узнав, о блажени, оти времето тогаш уште не беше дојдено.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Гледав во ѕидот и во белите четириаголници врз кои некогаш виселе “тополи свиткани од ветерот, а ветерот само што не излегол од сликата; коњи во галоп и зајдисонце во долината”, и ги повикував боите во сеќавање. 64 Margina #17-18 [1995] | okno.mk
„МАРГИНА бр. 17-18“
(1995)
Заборавил, а во последен момент ќе отрча во галоп на пошта за да ти прати телеграма.
„МАРГИНА бр. 17-18“
(1995)
Бел ждребец. Минуваше од лесен трк во галоп.
„Пловидба кон југ“
од Александар Прокопиев
(1987)
Ако сака да биде поп нека биде поп убавата Пела! уште повеќе се разлутуваше Дончо од што нозете почнуваа побрзо да му се движат и скоро како коњ во галоп поминуваше покрај работниците што веќе работеа низ стопанството.
„Црна билка“
од Ташко Георгиевски
(2006)
Погледна по друмот. Дорчо, исплашен од пукањето, бегаше во галоп по друмот за Дебарце.
„Волшебното самарче“
од Ванчо Николески
(1967)
Зошто езерото зјапа во сопственото дно
и се запенува како расен коњ во галоп?
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)