Сиромав човек сум белки ќе земам некоја паричка да ја позакрпам сиромаштијата...
„Гоце Делчев“
од Ванчо Николески
(1964)
Стражата, со финансистите, го запреа Донета. Ги фатија коњите за огламниците и прашаа: - Што носиш, бре ѓаур28) во вреќите?
„Гоце Делчев“
од Ванчо Николески
(1964)
Рацете се зафатени со пушките извиткани во вреќи и не можат да нѐ одбранат од него.
„Дружината Братско стебло“
од Јован Стрезовски
(1967)
Стебленцето, дополу, беше во вреќа со земја од родниот крај.
„Тврдина од пепел“
од Луан Старова
(2002)
А оттаму водеше само еден единствен пат: во вреќата на некој старинар...
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
Но судбината на сите алишта не била иста!
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
И потем раскажа собитие вакво, за кое трипати повтори дека е верно, и јас знаев дека знак на несигурност е тоа повторување: на првата ноќ откако сме заминале ние од дворецот, небаре ѓавол ја напуштил престолнината и во вреќата своја сите проклетства ги однел, на Лествичникот видение верно му се јавило: таткото негов, Мида, на сон му дошол и побарал да го откопа од гробот.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Загледан во вреќата со зрна, замаен од своите фантазии, сфати дека вреќата е намалена; почна да се прашува што е со неа.
„Мудрецот“
од Радојка Трајанова
(2008)
Помисли дека парите со кои беше платено палтенцето, Никодин ќе ги претвореше во вреќи цемент, а мајка ѝ во неколку кубици дрва.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Го враќам минатото: провокаторот е закопан на многу места во куќава - дел во оние стари добри пегли со јагленово загревање, дел во радиотот чиј механизам го однесоа во вреќа црни и дрипави собирачи на старо железо, дел во дупката на подот во кој ја чував Неговата слика.
„Кловнови и луѓе“
од Славко Јаневски
(1956)
А еве Јон не е војник, и сѐ било мижи да те лажам, ветер во вреќа биле соништата.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Го враќам минатото: провокаторот е закопан на многу места во куќата - дел од оние стари добри пегли со јагленосано загревање, дел од радиото чиј механизам го однесоа во вреќи црни и парталави собирачи на старо железо, дел во дупката на подот во која ја чував Неговата слика.
„Забранета одаја“
од Славко Јаневски
(1988)
Квичењето се доближува. Ни оној со здрави очи не може да види чија е таа гласна треска: сепак обајцата сакаат да веруваат дека негде наблизу се движи пес, кучка со набабрени боски чии кученца се затворени во вреќа и фрлени в мочуриште.
„Забранета одаја“
од Славко Јаневски
(1988)
Ние кулучарите носевме камења во вреќа, ни се скина вреќата и така камењата ги носевме во еден ракав од кошулата.
„Три жени во три слики“
од Ленче Милошевска
(2000)
27. ПРАВ Е ТОЈ КАКО ДОЛГО ЈАЖЕ ВО ВРЕЌА - и што да му судат?
„Куршуми низ времето“
од Љупчо Стојменски
(1976)
А што сѐ превиде тоа ковчеџе откако пред многу години го купи и му стана составен дел од неговиот живот; се фрлаше во разни превозни средства завиткано во вреќа за да не се гледа, да се заштити или да се носи полесно кога одеше пеш или кога му го даваше некому да го носи; не ретко му служеше да ги потпира на него плеќите или главата на разните железнички или автобуски станици чекајќи воз или автобус за некаде; да седи на него како на столче на палубите од бродовите во долгите деноноќни пловења; да го товари на коњи, магариња и камили по патиштата каде што само тие можеа да одат, да се изложува на ризик, да си го става на коцка животот поради неговата привлечност и будење љубопитност кај разните луѓе што го придружуваа или со кои доаѓаше во допир; да го продава кога ќе немаше пари и пак да не го продаде за да не се одвои од него; да му ги менува или крши катинарчињата кога ќе ги изгубеше клучињата, да го чисти и дотерува кога ќе се наводенеше од дожд и снег, да му го повраќа сјајот, убавината; да им го остава понекогаш на газдите како залог додека дојде до пари за да им ја плати станарината; тој му беше единствен сведок, придружник и другар во патувањата носејќи налепници од разни места и хотели.
„Јанsа“
од Јован Стрезовски
(1986)
Во налети доаѓаше од северната страна, удираше во кувертите, во вреќите, во хартиите што му беа ставени како препрека.
„Исчезнување“
од Ташко Георгиевски
(1998)
Вангел Русјаков уште првиот пат довлечка машина за ронење пченка, додека пак Петар Караколев, мажот на Родна, неколку пати се враќаше и покрај облека и постелнина изнапикана во вреќи, донесе еднаш машина за шиење, а друг пат некоја поинаква и од машина за шиење и од машина за пченка ронење.
„Исчезнување“
од Ташко Георгиевски
(1998)
Туку и тие барем шалвари носат, ама оваа — просто во вреќа наврена! Се приближи до оганот.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Некои ги товареа во вреќи и коските на своите блиски што ги откопуваа во гробиштата: да ги понесат со себе каде што ќе закуќат нов живот.
„Злодобро“
од Јован Стрезовски
(1990)
Луѓето што копаа гроб, ги извадија коските од Лиќо, татко му на Танаил и ги собраа во вреќичка за да ги стават повторно во гробот.
„Злодобро“
од Јован Стрезовски
(1990)
Госпоѓа Морис, мајка ѝ , одвај ја забележа кога јурна покрај неа и почна да ги отвора фиоките, бучно пикајќи ги тавите и кујнскиот прибор во вреќа.
„Лек против меланхолија“
од Реј Бредбери
(1994)
Јас, ти, оној што се удави во вреќа, девојките и момчињата што гинат по планините, прогонетите, испадените, оние што гнијат по затвори и логори, можеби ние сме достоинството на светот?
„Постела на чемерните“
од Петре Наковски
(1985)
А тие со автоматите го собираа лебот во вреќи и го товарија на коњите.
„Постела на чемерните“
од Петре Наковски
(1985)
Цврсто сум решен, есенва, да си купам велосипед. На старо, од оние на „Рог“.
„Човекот со четири часовници“
од Александар Прокопиев
(2003)
Велосипедите со Јанош беа нешто посебно, за памтење, но обично патував со железницата или авто-стоп, налето спиев во вреќа по плажи и на клупи по градските паркови.
„Човекот со четири часовници“
од Александар Прокопиев
(2003)
Во меѓувреме, си ги исече нозете, ги стави во вреќа со компири и му ги испрати по пошта.
„Азбука и залутани записи“
од Иван Шопов
(2010)
Оваа година подготвивме во вреќи и со хумусна земја. Стопоцентно ќе се фатат!“ ***
„Тополите на крајот од дедовата ливада“
од Бистрица Миркуловска
(2001)
КРИСТИНА: Инсистирам да бидам врзана во вреќа со бинда во уста по сите терористички прописи. (Излегува) (Пауза.)
ПАРАСКЕВА: Мислиш дека е на твоја страна?
„Одбрани драми“
од Горан Стефановски
(2008)
(Собата. Вечер. Матеј поправа засилувач. Мира пишува. Американецот се подготвува да легне во вреќа за спиење. Пауза.)
„Одбрани драми“
од Горан Стефановски
(2008)
ЕВТО: Ти твоите пословици врзи ги во вреќа и фрли ги во вода, а од мене подалеку!
„Одбрани драми“
од Горан Стефановски
(2008)
БОРИС: Толку засега.
(Матеј повторно пушта многу гласна музика. Американецот пуши и чита легнат во вреќата. Мира пишува. Пауза. Борис почнува нешто да пее на цел глас. Матеј одеднаш го исклучува магнетофонот.)
„Одбрани драми“
од Горан Стефановски
(2008)
Чувај го во амбари, во вреќи, каде сакаш, ама секогаш да го имаш при рака.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Ги собираат коските од мртвите и ги мијат на чешмата, потоа ги завиткуваат во платна, во торбиња, во вреќиња.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)