Надоместокот на платата на инвалидот на трудот му припаѓа во времетраење од 12 месеци, а претходно утврдената појаснувачка формулација „од денот на завршувањето на професионалната рехабилитација под услов во рок од 30 дена од денот на завршувањето на професионалната рехабилитација да се пријави во надлежната служба за вработување и во согласност со прописите за вработување редовно да се пријавува во таа служба“, беше целосно избришана. (чл. 3 од ЗИДЗПИО/дек.13)
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“
од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски
(2015)
Исто така, кај договорот за работа со неполно работно време се користи принципот pro rata temporis (колку работа – толку права) односно работникот своите права ги остварува пропорционално на времето за кое што го склучил ваквиот договор, на пр. тој има право на годишен одмор со минимално времетраење од 10 работни дена, за разлика од работникот кој работи со скратено работно време кој го добива законскиот максимум во времетраење од 20 работни дена. 19 Според чл. 32, ст. 2 од Уставот на РМ (1991): „Секому, под еднакви услови, му е достапно секое работно место.“
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“
од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски
(2015)
Според најновиот терк на исплата на паричниот надоместок, само кај последното, 12-то скалило нема намалување на бројот на месеци, но, ако до претходна- та година беше потребен стаж од 15 години за да се добива паричен надомест во времетраење од 12 месеци, во 2006 година за тоа станаа потребни 25 години.
„Обезвреднување на трудот“
од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев
(2010)