Се раѓаат во тој напор на мислите и во враќањето на настаните нејасни излези, посакувани решенија, пророштва чуени некогаш во цигански шатор, стереотипи на гледачка на дланка, во кои, еве, во некој дел од животот, човек сака да поверува.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
Разделбата сигурно не беше од естетски карактер или поради одбегнување на стапиците на ангажманот на поводното пеење на Махмуд Дарвиш.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
На Махмуд Дарвиш таа година народот на Македонија во својот свет храм му го подари најсветото што можело да му се подари на еден поет - неговата тиха сина светост и тишината на истрајбата во времето, како пристан во враќањето од егзил на поетот во прегратката на човештвото...
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Оваа запрашаност ќе го следи поетот, венценосецот Махмуд Дарвиш на заедничката поетска молитва во заедничкото присуство (Рене Шар) на сите обединети гласови на човештвото.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Постоеше можеби основна противречност: тивкото и тажно пеење на Дарвиш не се совпаѓаше со гласното и оптимистичко верување на Арафат во враќањето и најдените зборови на слободата.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Како да сакаше да ги втаса морињата, со мислите, на патот преку реката, до бреговите на Америка, со надежта во враќањето преку потомците, пред да им го запрат патот градителите на новиот прогрес, производителите на новата енергија.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
И потоа, конечно, ни се загуби од видот. Таа веќе беше во враќањето...
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
Се надеваше дека, во првата пригода, ќе си ги земе сите книги, или ќе ги врати другите, зашто до крајот од животот веруваше во враќањето кое никогаш не се оствари.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
Мајка го мислеше обратното зашто секогаш веруваше во враќањето.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
Така си ја дополнуваа и си ја доградуваа стратегијата за спасот на семејството, во заедничкото проверување во сопствените илузии дека излезот е тука, или некаде на друго место, или во враќањето.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)