Во втората половина на деветнаесеттиот век, на пример, се ставал (според желбите на Рускиот цар, Сара Бернар и тогашниот принц од Велс, Едвард) во виното Vin Mariani, а во 1886 излегол и првиот безалкохолен пијалок што содржел кокаин, Кока-Кола.
„МАРГИНА бр. 8-9“
(1994)
Оваа тенденција дава интересна можност за разгледување на зелената боја која боја на состојба „пред светлоста“, на невиноста (младоста): спореди лат. virgo „девица“ со viridis „зелено“. И накрај: во виното (можеби) е вистината Можеби е чудна игра на случајот, што токму виното како мошне стар ритуален и оргијастички напиток ја има поделбата на: црвено, бело и црно вино - иако самата таа поделба е во извесна мера условна, таа сепак останува интересна како факт или како случајно совпаѓање. 108 Margina #8-9 [1994] | okno.mk
„МАРГИНА бр. 8-9“
(1994)
Посакав да уживам во музиката, во храната, во виното, во оној што го сакам.
„Читај ми ги мислите“
од Ивана Иванова Канго
(2012)
Кога останаа сами и кога попот Ставре отчита тоа што требаше да отчита, па му го подаде на ибн Пајко залчето натопено во вино, црвено како крвта Исусова, тој се скубна уште неколкупати низ брадата, па рече:
„Е сега, да не се фалам многу, ама со помошта господова и ја смислив една итрина, сине Марко.
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)
„Откако го знам, сѐ вака се беси. Што велиш ти, Никола?“
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
„Имам долу во торбата тревки. Ќе ги сварам во вино.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Тргна од почетокот на фантастичниот фриз од сатири и фауни, од девојките потопени во вино и еднорозите што потскокнуваа и момчињата што свиреа, одеше бавно долж брегот.
„Лек против меланхолија“
од Реј Бредбери
(1994)
Не знам дали од некоја светлинка во виното, Левтерија ми стои зацрвенета во лицето.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
- Тие Христоса го поделија, вели Григор, а не Македонија, Пушти и вино, Левтеријо, оти рибите поарно пливаат во вино, вели и се засмејува.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)