во (предл.) - бунило (имн.)

Какви расудувања се кријат зад ваквите зборови? ‌А пријателот што, кога ќе сфати дека одлично шизиш или готвиш, дека ги обожаваш Шер или Мадона, Бјонсе или Бјорк, Витни Хјустон или Кајли Миног, Кристина Агилера или Мараја Кери, Тори Амос или Гвен Стефани (за Леди Гага ни збор), дека ти е слабост модерната од средината на векот, дека ни во бунило не би се облекол само комотно или дека возиш фолксваген голфче или мини купер кабриолетче или понтијак ге-шестка, ќе ти рече: „Еј, па ти стварно си бил геј, човече!“15
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Идниот ден го минав в кревет, во бунило - телото и душата најдоа начин да не можам да мислам на промените кои ги донесе една единствена глетка.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Не знам дали брат ми ми ја имаше раскажано или самата ја имав измислено бајката за птицата која ја изгубила својата љубена птица, и од тага со клунот си ги раскинала градите, и од таму, со клунот, си го откорнала срцето.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Оттаму маѓепсаноста, кај обајцата, со комплицирани машинерии, наменети за произведување на најнеочекувани ефекти, чудовишта или чуда, машини - треба да се нагласи - кои најчесто се неупотребливи, неефикасни: оптичките машинерии на Leonardo-вата Прва книга за светлоста и сенката и Duchamp-овите стакла За гледање со едно око...; оттаму нападните машинерии од цртежи на бојни коли кај едниот, цртежот Бокс-меч кај другиот, празничните машинерии какви што Leonardo постави по собите на Белведере во Ватикан, исполнувајќи една сала со овчи меури, кои ги надува со помош на мев, според една епизода кај Vasari, „до таа мерка што неговиот помошник морал да се тргне во еден агол”, и какви што Duchamp, ппопречувајќи им го влезот на посетителите на Надреалистичката изложба од 1938 со помош на мрежа од јажиња распнати во сите правци, налик на оние на некоја визуелна пирамида во бунило...
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)
И пак во бунилото ја гледа Марија крај него во болничката соба која дошла да го земе дома бидејќи тој е излечен и оздравен.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Инаку постојано тонеше во бунило; му се заплеткуваа некакви полипи околу нозете и го тргаа надолу кон длабоките води во кои тој не можеше да дише; се задушуваше, скокаше, се поткреваше од креветот и дишеше лакомо од воздухот за да се поврати во живот; со погледот шеташе низ болничката соба и се мачеше да се дофати за нешто: за лустерот на таванот, за вентилаторот, за корнизите на прозорците, шишето обесено над него од чија течност му се полнеше телото за да му се врати силата; се мачеше да се дофати за било што само да не втонува надолу, да не им дава на полипите да го тргаат во длабоките води каде што не може да поземе воздух.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Во бунилото во кое запаѓа Богдан се сретнува со своите умрени: мајка, татко, баба, дедо; му велат дека е добро што се вратил најпосле дома, но зошто не се вратил додека тие биле живи, да му се радуваат; го прашуваат за куќата: дали ја нашол здрава или разурната; и добро е што ја поправил, но по смртта кому ќе му ја остави? Никому?
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Сонот никако не доаѓаше, бев во треска, во бунило, позаспивав и како штрекнат се будев, ме будеше некој непознат глас, ме довикуваше да станам!
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Гледаш ококоравени лица на смрдливите постелчиња, уште во сон, во бунило. Во треска.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Не, поголема стварност од овој кошмар нема, што во бунило те фрла и мир не ти дава, ниту пак сон, за да заборавиш.
„Од дното на душата“ од Александра Велинова (2012)
Утредента се разбуди како во бунило.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Доби висока температура и постојано беше во бунило.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
По извесно време, студенилото му премина во оган: гореше, се потеше, фрлаше сѐ од на себе, но ништо не помагаше; чувствуваше како повторно да се наоѓа во Сахара, во нејзината жештина што еднаш ја доживеа; во бунилото повторно му излезе Сахара пред очи и жената со која што тргна и која постојано му го отвораше прозорецот од џипот и му велеше: издржи, издржи уште малку, а низ отворените прозорци место свежина влегуваше уште поголема жештина.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
7.3 Ме крштеваа во бунило Низ суров воздух ме шетаа Ме учеа на живот Со молитва на зајдисонце.
„Век за самување“ од Веле Смилевски (2012)
А јас секогаш бев свртен кон Исток Оти оттаму се покажуваше ликот на Мајка Или само така ми се чинеше Во погледот што завршуваше слепо Од силна светлина Додека ме крштеваа во бунило И ме наговараа да го минам прагот Да станам Свет во Светот Што сега како жарче ми свети Додека сам самувам во самица.
„Век за самување“ од Веле Смилевски (2012)
XXIX Свинската чума одново се јави во селото, зафати да се шири, и од свињите да се пренесува на луѓето: започнаа луѓето нагло да умираат; секој ден се огласуваше камбаната, секој ден имаше погреб; заразата се ширеше од еден на друг: ги зафаќаше луѓето силна треска, висока температура, огница, паѓаа во бунило, им се воспалуваа дробовите, им се надуваа очите, по кожата им се нафрлуваа темни дамки, бубулки, кои расцутуваа во гној и се распаѓаа; им се воспалуваше грлото, кашлаа непрекидно и длабоко како да рикаа корнејќи ја утробата; им отекнуваа жлездите под пазувите и на вратот и не можеа да се помрднат; жлездите им загнојуваа, им ја труеја крвта и умираа во тешки маки.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Сѐ уште во бунило, пробаш да ја замислиш потем да ја визуелизираш сопствената аура. Изгледа ноќта не си била сосема сама додека си ги преоѓала праговите на сонот одвнатре и однадвор.
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Добро.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
„А може и си бил во бунило, а не си знаел“, му се смеам јас а сѐ ми се чини оти работата и не е баш за смеење.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
вели.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Зар сум ги поминал последниве денови во бунило?“ ,
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Чекор напред, чекор назад, во реалноста бегство, така, во бунило, сѐ е лесно .
„Илузија за сон“ од Оливера Доцевска (2013)
Станува слепо оружје, живее ли во бунило неспособен да мисли и да ги оцени и преоцени сопствените постапки и да го сфати сопственото однесување?
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
- Тој сѐ понаретко дроби за стравот, кратко и болежливо се искашлува. вика во бунило, моли.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Ранетите дремат, мрморат, стенкаат, хрчат, викаат во бунило, пцујат, реват во тежок и болежлив полусон.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Колку дена бдеела врз мене додека сум бил во бунило, додека не се знаело дали ќе останам или ќе си заминам?
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)