Стоеше сѐ додека колата не префрли во брзина и не одбрмчи, исчезнувајќи во далечините, низ долината.
„Лек против меланхолија“
од Реј Бредбери
(1994)
4. Или Мисирков, поради непостоењето на претходни истражувања, не можел да ги согледа процесите во развитокот на македонското ослободително движење во неговата целост или пак, во брзината со којашто ја подготвувал книгата, просто не успеал да се доискаже, да го прецизира својот исказ, зашто и во македонската историја националната борба ѝ претходела на политичката: најпрвин се развива движењето за свои цркви и училишта, за свој јазик и учебници, т.е. за национално-културна афирмација во рамките на Турција, па дури потоа и знатно подоцна за организирана борба за „политичка автономија” и за ослободување од Турција.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
Веднаш и тоа се качи зад мене и викна нешто. Камилата се исправи и потрча. Се натпреваруваше со ветрот во брзина.
„Сенката на Карамба Барамба“
од Славко Јаневски
(1967)
Ќе го ставам во брзина, ќе одам во пичку материну.
„Буре барут“
од Дејан Дуковски
(1994)
Нѐ беше претекнало затоа што некој побрз од нас излезе, оти лукавиот се осувршува во брзината, и се умножува во неа, наместо во светлината, па умножувајќи се во брзината стигнува секаде и во секое време, за да ти наштети.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Додека ветрот фучеше околу мојата глава посипувајќи ме со песок, заспав. Заборавив дури и дека сум жеден.
„Сенката на Карамба Барамба“
од Славко Јаневски
(1967)
Човек се восхитува од техничките постигања на оваа земја, уште повеќе од нејзините културни знаменитости: од животот на француската метропола - Париз, од локомотивата - светски рекордер во брзина што јури 330 км на час.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
Мислите што идат се во брзината на движењето на рацете и на нозете: така се скориваат и така се движат, со брзината на другите делови од телото.
„Братот“
од Димитар Башевски
(2007)